Синот на Џос Верстапен, пилотот кој има 107 ЏП во Формула 3 категоријата, следната година ќе го замени Жан – Ерик Верње и на тој начин ќе го сруши рекордот на најмлад пилот кој настапил на патувачкиот циркуз.
Веста прилично изненадува особено ако се знае дека Верстапен до ноември минатата година возел картинг.
Холандскиот тинејџер имал и неколку настапи во Формула 3, а во неговата категорија победил осум пати и освоил едно второ место во поголема конкуренција до 24 години.
Успешното пилотирање не мина незабележано, затоа што тимот на Ред Бул ја следел неговата сезона и решил да потпише професионален договор со Верстапен.
Ова е втор рекорд за Ред Бул, откако Шпанецот Хаиме Алгуерсуари во 2009. година пилотираше со болидот на 19 години и 125 дена.