Младеновски во фото финиш ја донесе победата на Еуро Табак во дуелот со Фабрика Карпош
Фабрика Карпош 3-4(3-2) Еуро Табак
Фабрика Карпош: Александар Божиков 7’ 8’ 11’
Еуро Табак: Григориј Јовановски 7’ Коста Гичев 15’ 32’ Дејан Младеновски 40’
Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Фабрика Карпош и Еуро Табак
Првата фаза од полувремето одмина со високо темпо на игра, двете екипи прикажаа офанзивен фудбал. Екипата на Еуро Табак во седмата минута го отвори резултатот преку одлично изведен контра напад, сепак радоста кратко траеше екипата на Фабрика Карпош за неполни две минути преку Божиков успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето видовме уште неколку прекрасни шанси и два одлични погодоци, на полувремето се замина со резултат од 3-2 за Фабрика Карпош. Во второт полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра и уште на самиот старт имаа сериозни шанси за погодок, екипата на Еуро Табак беше таа што ја превзема иницијативата и со сите сили се обидуваше да дојде до изедначување. Во 32та минута екипата на Еуро Табак успеа да го изедначи резултатот и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Во полседната минута од натрпеварот екипата на Еуро Табак постигна гол и го доби овој натпревар со резултат од 3-4.
Уника преку Чупи до сигурна победа над ЈСП
Уника 6-2(1-0) ЈСП
Уника: Бесими Нухиу 3’ Шабан Чупи 23’ 23’ 27’ 40’ Арбен Нухиу 40’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 32’
Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Уника и ЈСП видовме одличен фудбал во висок ритам и со многу шанси на двете страни. Првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Уника, таа беше поконкретна и тоа резултираше со водство од 1-0 во третата минута. По ова водство екипата на ЈСП го подигна своето ниво на игра и тргна понапаѓачки со цел да дојде изедначување на резултатот. До крајот на полувремето екипата на ЈСП успеа да створи неколку шанси за погодок но среќата не беше на нивна страна па на полувремето се замина со резултат од 1-0. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со висок ритам на игра, екипата на ЈСП беше таа која уште на самиот почеток со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување. Во таквата напаѓачка игра екипата на ЈСП заборави на одбраната што скапо ги чинеше, преку расположениот Чупи екипата на Уника до 35та минута имаше водство од 4-1. Натпреварот заврши со резултат од 6-2 во корист на Уника
Матрикс убедлив во дуелот со Раде Кончар
Раде Кончар 2-15(1-9) Матрикс
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 11’ Сашо Василовски 38’
Матрикс: Александар Шикалевски 22’ Никола Христовски 36’ Мирко Богески 33’ Дарко Цветковски 14’ 17’ Дарко Насевски 4’ 19’ Драган Брњарчевски 10’ 11’ 31’ 39’ Петре Даиловски 11’ 12’ 40’ Ивица Алампиоски 20’
Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Раде Кончар и Матрикс видовме интересна игра со многу воиграни акции и одлични голови. Двете екипи уште на почетокот започнаа со напаѓачки фудбал, во ова полувреме екипата на Матрикс ја имаше целосната контрола врз играта и уште на самиот почеток се стекна со убедливо водство. На полувремето се замина со резултат од 1-9. Во второто полувреме од самиот почеток екипата на Раде Кончар се обиде да го намали високото водство на екипата на Матрикс, но екипата на Матрикс денеска беше вистинска енигма за екипата на Раде Кончар. Натпреварот заврши со резултат од 2-15.