Македонски Телеком со звукот на сирената го победи Гранит

Во последниот ден од шестото коло во Бизнис лигата екипата на Лукоил ја декласираше Контрола на летање, а Глобко Логистик и ArcelorMittal ги поделија бодовите.

Лукоил убедлив во дуелот со Контрола на летање

Лукоил 12-6 (7-0) Контрола на летање
Лукоил: Дејан Зиков 4’, 7’, 15’, 30’, 32’, 35’, 40’, Борче Василев 5’, Владимир Секулоски 9’, Љупчо Апостоловски 14’, Марјан Цветковски 18’, Александар Аврамовски 27’
Контрола на летање: Ацо Тодоровски 21’, 30’, Васил Депинов 23’, Зоран Гавриловски 23’, Сашо Бојчин 33’, 38’

Екипата на Лукоил во дуелот со Контрола на летање прикажа апсолутна доминација, пред се во делот на нападот, каде што со одлично изработени акции стигаа до успешна реализација. Контрола на летање кои не настапија во полн состав и со кратката клупа не можеа да парираат во дуелот со Лукоил, па го изгубија овој натпревар со 12-6. Полувреме 7-0.

Македонски Телеком со звукот на сирената до победа над Гранит

Македонски Телеком 4-3 (2-2) Гранит
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 8’, 13’, Агрон Пацоли 35’, Душко Симоноски 40’
Гранит: Стеван Митревски 8’, Оливер Ангеловски 12’, 36’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Гранит. И двете екипи со цврста одбрана не дозволија резултатски да се одлепи противникот и ваквата игра ја форсираа во текот на целото прво полувреме, што може да се види и по конечниот резултат на полувремето од 2-2. Неизвесноста продолжи и во второто полувреме во кое преовладуваше добрата игра во одбраната и кај двете екипи, па се до 4’ пред крајот на натпреварот мрежичките мируваа. И во 37’ падна по еден гол и на двете страни за да влеземе во инфаркт завршница во која Македонски Телеком буквално со звукот на сирената го одлучи победникот во овој натпревар. Крај на натпреварот 4-3.

Менчов и Димитриески заслужни за ремито

Глобко Логистик 1-1 (1-1) ArcelorMittal
Глобко Логистик: Александар Божинов 10’
ArcelorMittal: Игор Мирчевски 6’

Иако се играше доста отворен фудбал со многу удари кон голот и на двете страни, и двата чувари на мрежата беа на висина на задачата, па не дозволија ниедна од екипите резултатски да се одлепи. И двете екипи постигнаа по еден гол и на полувремето заминаа со нерешен резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи во идентичен стил, и двете екипи не успеаа да го искористат играчот плус по добиениот црвен картон за да на крајот резултатот остана непроменет како и на крајот од првото полувреме, како и впрочем заврши овој натпревар (1-1).

12 ноември 2014 - 23:58