Неодамна водечките луѓе на Ф1 потпишале нов договор со францускиот производител на вино Champagne Carbon кој веќе долго време доставува шампањско за Гран При церемониите на доделување награди.
Иако Champagne Carbon е млад бренд, корените на компанијата која го произведува се многу стари. За тоа раскажа генералниот директор на фирмата, Александар Маер:
„Моето семејство прави вино веќе два века, а во големото производство сме преминале од 1920 година, баш во тоа време кога почна златната епоха на Гран При трките. За мене нашиот однос (со Формула 1) е идеален сојуз“.
Шампањот кој го пукаат и со него прскаат пилотите е Blanc de Blanc Grand Cru Millesime произведен од 2009 година, од една посебна сорта од Шардоне. Но работата не е во шампањот колку во флашите.
Француските закони забрануваат производство на шишиња од не-еколошки состав, па во Carbon решиле амбалажите да ги произведуваат со јаглеродни влакна. Процесот на изготвување се состои од 21 етапа и трае една недела, а секоја флаша има своја етикета: за победникот златна, сребрена за вториот и бронзена за третиот на подиумот.
Секако дека ова производство чини многу.
За 750 мл шампањско Carbon треба да се одвојат околу 500 долари, а за 1,5 литар (такви флаши се користат на подиумот) скоро 3.000 долари. 6 литра од овој француски шампањ чини 8.000 долари, а оние гигантски шишиња од 15 литра стигнуваат и до 50.000 долари.
„Традиција, мистика, празник и вкус се заеднички црти на Формула 1 и Carbon. Уникатната особеност на шишињата, направени од јаглерод, познати од светот на автомобилизмот, го прави Champagne Carbon идеален партнер на пилотите за време на подиумската прослава“, вели директорот на Ф1 Шон Братчес.
До појавата на Carbon во Формула 1, шампионските шампањски ги доставувал Chandon, спонзор на тимот Мекларен.
Кога Гран прито се вози во муслиманските земји, во Абу Даби и во ОАЕ, тогаш Формула 1 набавува газирана безалкохолна вода поради тамошните правила и забрани за употреба на алкохол.
Меѓу другото, Луис Хамилтон од склучување договор на Ф1 со Carbon, на подиумот како прв, втор или трет се искачил 156 пати. Тоа значи дека досега испрскал околу 205.000 долари! Од оваа сума, дури 130.000 долари оди само за производство на современите шишиња.