Поранешната вила на Мајк Тајсон

Еден од најдобрите боксери на сите времиња и во времето на најголемата слава живеел над своите можности. Доказ за тоа се фотографиите од неговата поранешната ултра луксузна вила.

На почетокот на '90-те години, поранешниот светски првак во тешка категорија живееше во грандиозна вила во Саутингтон (Охајо).
 
Луксузната вила се простира на 25.000 квадратни метри и содржи пет спални соби, неколку дневни соби, седум купатила, две гаражи во вилата и една надвор од неа, полн базен во стандардна големина, кафез за тирги, мини-кујна, како и кошаркарско игралиште.
 
Фото агенцијата Катерс (Caters) објави фотографии од вилата на Тајсон, која има и неколку кичести аспекти како на пример Џакузи собата, која што целосно е од мермер, позлатени елемени и огледала. Сега, 20-ина години по нејзината изградба, вилата е релативно напуштена, објектот е во лоша состојба и е ишкртан со графити.
 
Влезната порта ја отсликува целата грандиозност, а на врвот го пишува името и презимето на М.Т.

Просторијата со базенот во која Тајсон некогаш правеше журки со десетина луѓе, а сега изгледа очајно.

Мермерната соба со позлатени елементи каде е џакузито

Едни од поголемите скали во куќата, со камин во долната просторија

Главната дневна соба со огромен простор за телевизор и неколку лустери

1 април 2015 - 16:09