Јанковски во елемент против ОНЕ

Во воведниот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија ТРАНСМЕТ и Монтенегро славеа победи, а Шпаркасе и Македонски Телеком си ги поделија бодовите.

ТРАНСМЕТ на крилата на својата публика до победа над СЦ Борис Трајковски

ТРАНСМЕТ 9-4 (4-4) СЦ Борис Трајковски
ТРАНСМЕТ: Емир Бегановиќ 3’, 7’, Ице Тодоровски 11’, 25’, Амер Скендеровиќ 13’, 37’, Перо Ангелески 22’, 28’, Тони Ѓуровски 40’
СЦ Борис Трајковски: Влахо Костов 5’, 13’, Јован Димовски 7’, Дамјан Силјановски 16’
Исклучително израмнето прво полувреме. И на двете страни се играше одличен фудбал, пред се во делот на нападот каде што и двете екипи имаа перфектна реализација секако од добро изработени напади. Ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи, па на полувремето се отиде со израмнет резултат (4-4). Во второто полувреме дојде до израз подолгата клупа и подобрата физичка подготвеност на екипата на ТРАНСМЕТ која оствари предност која СЦ Борис Трајковски не можеше да ја стигне. Натпреварот заврши со резултат од 9-4.
 
Шпаркасе и Македонски Телеком ги поделија бодовите

Шпаркасе 5-5 (1-3) Македонски Телеком
Шпаркасе: Иван Стојановиќ 10’, Филип Чижбановски 29’, 38’, Љубомир Таневски 31’, Дарко Стојановски 39’
Македонски Телеком: Душко Симоноски 2’, Ивица Вељановски 3’, Бесник Рамуши 20’, Михајло Лазаревски 31’, Петре Велигденов 32’
Во првото полувреме екипите на Шпаркасе и Македонски Телеком играа доста брз и отворен фудбал. Екипата на Шпаркасе не успеа да реализира од неколку чисти позиции за гол, по што следеше казна од страната на Македонски Телеком кој полувремето го заврши со водство од 1-3. Второто полувреме Шпаркасе одлично го започна и преку Филип Чижбановски и Љубомир Таневски се врати во натпреварот и го израмни резултатот. Но Македонски Телеком ги имаше во своите редови Петре Велигденов и Михајло Лазаревски кои ја доведоа екипата на Македонски Телеком повторно во водство, но во самиот финиш екипата на Шпаркасе како да додаде гас, успеа да смогне сили да го израмни резултатот и овој натпревар го заврши со истиот (5-5).
 
Јанковски во елемент против ОНЕ

Монтенегро 7-6(4-1) ОНЕ
Монтенегро: Ивица Јанковски 7’, 12’, 13’, 17’, Дарко Настиќ 23’, Златко Исакоски 26’, Сашо Павлоски 31’
ОНЕ: Жарко Митевски 18’, Дарко Таневски 26’, 28’, 38’, 39’, Александар Ивановски 33’
ОНЕ и Монтенегро изиграа натпревар кој го красеше фер плејот во целост. Се играше атрактивен фудбал и на двете страни. Екипата на Монтенегро имаше одлична реализација во текот на целиот натпревар благодарејќи на расположениот во своите редови Ивица Јанковски кој имаше своја вечер и со 4 гола го водеше Монтенегро до победа над ОНЕ од 7-6.
10 март 2015 - 00:59