Секоја од екипите има шанса за пласман во F8, игра се помотивирано и се надева на влез во завршниот турнир.
Ова коло едни од најдобрите беа: Дарко Стојановски кај екипата на Гранит со дадени 6 погодоци, Петар Пачански кај екипата на Гранит со дадени 5 погодоци, Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA со дадени 4 погодоци и Дарко Таневски кај екипата на One со дадени 3 погодоци.
Најдобар 5-ти играч на 15-тото коло е Даниел Настески кај екипата на Montenegro со дадени 3 погодоци. За голман на колото е прогласен голманот на екипата на UNIQA – Елтон Трајко, а за тренер на колото е прогласен Јовица Илиевски – тернерот на екипата на ЈСП. Екипа на 15-тото коло е екипата на Гранит.
Стартува шеснаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија
Вечерва уште три возбудливи натпревари ќе се одиграат во малата сала на СЦ Борис Трајковски во рамките на шеснаесеттото коло од Бизнис лигата на Македонија.Екипите кои вечерва ќе се обидат да остварат подобар резултат се следниве:
ЕВН - Гранит 19:30
АМСМ - ONE 20:30
Archelor Mittal - SISTINA 21:30
Уште една вечер исполнета со голема неизвесност, квалитетен фудбал и одлична атмосфера. Инфо за тоа како ќе завршат натпреварите како и ексклузивни фотографии од вечерашните натпревари ќе можете да најдете на официјалниот сајт на Бизнис Лигата на Македонија - www.biznisliga.org