После еден час и 52 минути игра, најдобриот светски тенисер го совлада Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6:3 и по петти пат ја освои титулата на Мастерсот во Рим.
Новак воедно со 33 години стана и највозрасниот освојувач на Мастерсот во главниот град на Италија. Новак сега се одлепи за дополнителни 400 бодови на првиот следбеник на АТП ранг листата.
Пред две недели на УС Опен, Србинот поради импулсивност и нервоза пропушти голема шанса се приближи на рекордот на големиот Роџер Федерер, но брзо се врати на стариот курс.
Во понеделникот Новак ја започна 287-та недела по ред како најдобар тенисер на светот. Сега отстапува само зад Федерер но изгледа дека е многу блиу до рекордот на Швајцарецот - му фалат уште 23 недели до историски подвиг.
Притоа Ѓоковиќ во понеделник го освои Мастерсот во Рим по триумф во финалето над Диего Шварцман 7:5, 6:3. Србинот на тој начин ја освои 36. титула на Мастерс турнирите и стана лидер на оваа листа.
Финалето против Шварцам почна нервозно по Ѓоковиќ, како и цела претходна недела во Рим каде Новак ужива да игра и престојува.
Novak "Drop Shot" Djokovic 🎾
— ATP Tour (@atptour) September 21, 2020
🇷🇸 @DjokerNole came up with some clutch touch for his third consecutive ATP Masters 1000 title.@InteBNLdItalia | #IBI20 pic.twitter.com/vryoK3aoy1
High Five ✋@DjokerNole clinches his fifth title in Rome 👏
— ATP Tour (@atptour) September 21, 2020
📹: @TennisTV | #IBI20pic.twitter.com/6aIUOszsQE