Со многуте промени и воведувањето на V6 турбомотори, болидите кои сезонава имаат помали мотори станаа потивки, но поради останатите промени меѓу кои и воведувањето на поголеми батерии тие во целина станаа потешки.
Лимитот на минимална тежина очигледно не е прилагоден пропорционално и кога се е веќе направено со јаглеродни влакна и нема каде да се крати, обврската оди кај самите возачи кои мора да ја намалат својата тежина.
Возачите како на пример Фелипе Маса, кој без кацига и опрема тежи само 60 килограми се во предност, но оние кои се драстично подебели, за да останат во чекор ќе мора да слабеат. Жан Ерик Верње кој вози за тимот на Торо Росо е поголем од својот колега Данил Квајт, кој е најмлад возач со 19 години.
За да симне килажа Верње превземал драстични мерки за слабеење, но бил принуден да оди и во болница во периодот помеѓу трките во Австралија и Малезија.
Адријан Зутил пак кој е еден од потешките возачи со 75 кг, за да има полесен болид, во пустината во Бахреин реши да го извади шишето со вода и да се трка без капка пијалак. Возачот на Заубер изјави дека помалите возачи можат да јадат што сакаат, а поголемите губат по половина секунда од круг.
Од овие причини некои возачи потпишаа петиција на која бараат да се менуваат ограничувањата во тежината, но поддршка не добија од послабите колеги кои во овој случај се во предност..