ЕВН со пресврт во последните секунди до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Македонски Телеком и ЕВН славеа победи во третиот ден од 23. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Вип ја доби службено.

Македонски Телеком со колективна игра до победа над Окта

Окта 2-5(0-1) Македонски Телеком

Окта: Иван Димитриевски 21’ Шеќо Личина 39’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 29’ Стефан Насковски 26’ 31’ Даниел Анчевски 8’ 39’

Во првото полувреме од дуелот помеѓу Окта и Македонски Телеком видовме отворен фудбал со многу шанси на двете страни но слаба реализација. Сепак екипата на Телеком во 8та минута успеа да реализира еден контра напад и со погодокот на Анчевски да дојде до водство од 0-1. До крајот на полувремето и двете екипи има свои одлични периоди на игра, во кои створија шанси за погодок но и голманите беа на висина на задачата и со одлични интервенции ги сочуваа своите голови. На полувреме се замина со резултат од 0-1. На самиот старт од првото полувреме екипата на Окта со одличниот погодок на Димитриевски успеа да го израмни резултатот на 1-1. По ова израмнување екипата на Телеком започна со поагресивна игра па успеа за само неколку минути да постигне три погодоци и да се стекне со комотно водство кое го сочува до крајот на натпреварот за победа од 2-5.

ЕВН со пресврт во последните секунди до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 9-11(7-5) ЕВН

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 1’ 1’ 1’ 2’ 5’ Георги Божиков 25’ Милорад Миновски 13’ 19’ 35’

ЕВН: Виктор Валканчев 6’ 15’ Илија Мандаров 6’ Бојан Маџовски 26’ 40’ Томи Илиевски 34’ Бојан Симоновски 9’ 26’ 38’ Ајет Новобрдарија 15’ 40’

Фуриозен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ЕВН и веќе во петата минута резултатот гласеше 5-0 благодарение на Кристијан Панев кој ги постигна сите 5 погодоци од кои 3 уште во првата минута. Оваа негатива не ја демотивира екипата на ЕВН напротив тие со мирна игра од минута во минута ја топеа предноста на Фабрика Карпош за во 15та минута дојдат до само гол негатива на резултат од 6-5. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да ја сочува предноста и на паузата да замине со 7-5. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен, екипата на ЕВН одговараше на секој постигнат погодок на екипата на Фабрика Карпош па во последните минути од натпреварот се влезе во неизвесна завршница во која екипата на Фабрика Карпош имаше гол предност. Во 38та минута екипата на ЕВН успеа да го израмни резултатот на 9-9 а во последните секунди и да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со 9-11.

9 мај 2019 - 10:25