Еуролинк со висок ритам до победа над Факом

Во првиот ден од 13. коло во Бизнис лигата на Македонија екипите на Пекабеско, Рамстор и Еуролинк стигнаа до убедливи победи.

Пекабеско преку контранапади до победа над НЛБ Банка
Пекабеско 7-2(4-1) НЛБ Банка
Пекабеско:Дејан Неделковски 1’ 10’ Маријан Величковски 9’ Слободан Игнатов 13’ 23’ Јовица Левајковски 37’ Бобан Вујиќ 37’
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 17’ Саше Стојчевски 40’

13 коло од Бинзис Лигата на Македонија го отворија екипите на Пекабеско и НЛБ Банка.
Екипата на Пекабеско уште на самиот старт наметна висок ритам пред се во делот на одбраната што му овозможи да развива брзи контранапади преку кои успеа резултатски да се одвои. Екипата на НЛБ Банка не можеше да најде противигра па го загуби првото полувреме со резултат од 4-1. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка прикажа нешто подобра игра со воведување на голман играч во своите редови но Пекабеско успеа да ја сочува предноста од првото полувреме и да го добие овој нтпревар со 7-2.

Рамстор во второто полувреме ја осигура победата со Сава Осигурување
Рамстор 10-4(4-2) Сава Осигурување
Рамстор: Арјан Цами 4’ 6’ 24’ Михрем Мемед 5’ 34’ 36’ 40’ Ибрахим Бекир 19’ Зеко Ковачи 23’ Ведат Арслан 39’
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 3’ 10’ 37’ Коста Глигуровски 39’

Екипата на Сава Осигурување одлично го отвори овој натпревар со погодок уште во трета минута преку Апостоловски но екипата на Рамстор успеа да врати за неполн минута преку Цами, со ваквата динамика се играше поголемиот дел од првото полувреме. Егал натпреварот го прекина Рамстор со одлчна реализавија во нападот благодарение н индивидуалните акции. Полувремето Рамстор го доби со резуллтат од 4-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор имаше целосна доминација на теренот и потполно го сврте резултатот во своја полза не дозволувајќи и на екипата на Сава Осигурување да фати резултатски приклучок па го доби овој натпревар со 10-4.

Еуролинк со висок ритам до победа над Факом
Еуролинк 11-6(6-3) Факом
Еуролинк: Филип Блажевски 3’ 32’ Ивица Стефковски 7’ 17’ 37’ 39’ Дарко Кадински 8’ 36’ Јовче Зузаровски 14’ Гоце Ставревски 19’ 38’
Факом: Бојан Јовановски 5’ Бобан Китановски 15’ 40’ Игор Бојчовски 20’ Шенол Аџировски 35’ 38’

Екипата на Еуролинк во првото полувреме играше брз и отворен фудбал со што успеа да наметне висок ритам кој Факом кој настапуваше со голман играч на овој натпревар не можеше да го прати. Во текот на целото прво полувреме иницијативата ја имаше екипата на Еуролинк не давајќи му на Факом простор да се разигра па го доби полувремето со 6-3. Во второто полувреме дојде до израз и подолгата клупа на Еуролинк кој имаше константно играчи во ротација и успеаваа да го одржат високото темпо на игра додека пак кај Факом беше воочлива кратката клупа и недостатокот на играчи во ротација па Еуролинк го доби овој натпревар со 11-6.

7 март 2017 - 21:56