Еуролинк против ЕЛЕМ до првата победа во оваа сезона

Екипите на МЕПСО и Пекабеско го одиграа првиот нерешен резултат во новата сезона од Бизнис лигата на Македонија. ТРАНСМЕТ и Еуролинк стигнаа до победи.

Еуролинк против ЕЛЕМ до првата победа во оваа сезона
ЕЛЕМ 5-9(3-4) Еуролинк
ЕЛЕМ: Слободан Лајковски 09’ 10’ Синиша Ковчевиќ 15’ Антонио Ничевски 27’ 36’
Еуролинк: Дарко Кадински 3’ 31’ 32’ Ивица Стевковски 8’ 13’ 18’ 40’ Даниел Богоевски 28’ Александар Кузинаков 39’

Третото коло го отворија екипите на ЕЛЕМ и Еуролинк. Во првото полувреме на самиот старт екипата на Еуролинк успеa да дојде до водство од 0-2, но набрзо ЕЛЕМ со голман играч како што впрочем и го запона овој натпревар успеа да се врати во натпреварот. Во понатамошниот дел на полувремето се играше крајно израмнет фудбал со наизменично менување на водството и на двете страни. Но екипата на Еуролинк се чинеше прорисебна па го доби полувремето со минимални 3-4. Во второто полувреме екипата на Еуролинк играше поотворен фудбал преку кој успеа да стекне резултатска предност и успеа да го искорити играчот плус во нападот по грубиот старт на ЕЛЕМ па стигна до предност од 3 гола. На 5 минути до крајот Еуролнк остана со играч помалце па ЕЛЕМ го намали резултатот на 5-7 и со офанзивна игра имаше изгледни шанси за гол кои не успеа да ги искористи по што следеше казна од Еуролинк кој на крајот славеше со убедливи 5-9.

МЕПСО и Пекабеско ги поделија бодовите
МЕПСО 1-1(1-0) Пекабеско
МЕПСО: Виктор Петровски 5’
Пекабеско: Дејан Неделковски 34’

Екипите на МЕПСО и Пекабеско во првото полувреме играа смирен и тактички поткован фудбал. И на двете страни се играше мирно и се чекаше на противничка грешка за да преку контра-напад се дојде до поволна шанса за гол. Екипата на МЕПСО во петата минута успеа преку контра напад да постигне гол и поведе со 1-0. Пекабеско не успеа да искористи неколку од добиените шанси па наполувремето МЕПСО успеа да го задржи водството од 1-0. Во второто полувреме беше пресликан идентичен натпревар но овој пат екипата на Пекабеско успеа да искористи грешка во одбраната на МЕПСО и да го израмни резултатот на 1-1. Овој резултат остана непроменет се до крајот на натпреварот кога МЕПСО и Пекабексо ги поделија бодовите.

Во крајно израмнет натпревар ТРАНСМЕТ го совлада Македонски Телеком
Македноски Телеком 1-3(1-1) ТРАНСМЕТ
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 20’
ТРАНСМЕТ: Един Скендеровиќ 4’ Амер Скендеровиќ 34’ Енис Исаки 37’

Екипите на Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ во првото полувреме ни приредија маестрален фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези и одлично изработени акции кои беа опасност за противничките голмани. Во ваквата игра екипата на Трансмет прва дојде до водство во 4-тата минута преку Един Скендеровиќ. Македонски Телеком играше егал и ја чекаше својата шанса која успеа да ја искористи преку Ивица Вељановски кој буквално во последната секунда на полувремето преку хируршки прецизен удар постигна гол за 1-1 на полувремето. Второто полувреме беше крајно израмнето се играше егал натпревар и на двете страни и двете екипи не успеаа да реализираат неколку отворени шански за гол, но во 35-тата минута ТРАНСМЕТ во своите редови го имаше расположениот Амир Скендеровиќ кој успеа добро изработената акција да претвори во гол и да го доведе ТРАНСМЕТ во водство од 1-2. Минута покасно Енис Исаки го зголеми водството на конечни 1-3.

18 октомври 2016 - 09:03