ЕЛЕМ со одлична игра до победа над Лукоил

Екипите на Џонсон Мети, Македонски Телеком и ЕЛЕМ славеа победи во третиот ден од второто коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ со одлична игра до победа над Лукоил

ЕЛЕМ 2-1(1-1) Лукоил

ЕЛЕМ: Горан Николовски 3' Влатко Петровски 28'

Лукоил: Маријан Цветковски 7'

Изедначено прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Лукоил, екипата на ЕЛЕМ во 3та минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. Сепак екипата на Лукоил за кратко време резултатски се врати во игра со одличниот погодок на својот голман Цветковски. По овие рано постигнати погодоци се водеше жестока борба на теренот, играта главно се одвиваше на редината на теренот а играчите со удари од далечна се обидуваа да створат предност на својата екипа. На полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме се продолжи со жесток ритам на игра и со многу борба по целиот терен. Екипата на Лукоил ја превзема иницијативата и имаше повеќе од играта, но сепак екипата на ЕЛЕМ одлично ја имаше поставено играта во одбрана и со повремени контра напади успеваше да упати закана кон голот на Лукоил. Во 28та минута од натпреварот екипата на ЕЛЕМ успеа да реализира еден контра напад за водство од 2-1, по ова следуваше силен притисок од страна на Лукоил која се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на ЕЛЕМ беше на висина на задачата и успеа да го задржи водството и да го добие овој натпревар со 2-1.

Џонсон Мети убедлив во дуелот со Борис Трајковски

Борис Трајковски 3-7(0-4) Џонсон Мети

Борис Трајковски: Горан Андоновски 32' Јане Мицевски 24' Јован Димовски 34'

Џонсон Мети: Бонан Ристов 3'14' Бојан Дејановски 4' 9' 28' Благоја Блажевски 22' Христијан Стојановски 31'

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Борис Трајковски и Џонсон Мети му припадна на Џонсон Мети, тие уште во раната фаза на полувремето успеаа да ја наметнат својата игра и успеаа да постигнат неколку брзи погодоци за комотно водство. Екипата на Борис Трајковски со чести измени во ова полувреме се обидуваше да ја најде својата игра но екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола на теренот па на полувремето замина со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на Борис Трајковски направи промена во тактиката и во своите редови внесе голман играч што вроди со плод со неколку погодоци и успеа да фати резултатски приклучок за да го направи остатоткот од натпреварот поинтересен. Сепак екипата на Џонсон Мети умешно ја искористи напаѓачката формација на Борис Трајковски и преку контра напади успеваше да казни за на крај убедливи 3-7.

Македонски Телеком со пресврт до победа над Гранит

Македонски Телеком 5-3(1-1) Гранит

Македонски Телеком: Даниел Анчевски 20' 21' 37' Стефан Наскоски 24' 38'

Гранит: Стеван Тевдовски 12' Дарко Стојановски 27' Дарко Петров 39'

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу екипите на Македонски Телеком и Гранит помина во одмерување на силите, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Кон средината на полувремето екипата на Гранит по еден кикс на голманот на Телеком успеа да го отвори резултатот за водство од 0-1. По овој погодок екипата на Македонски Телеком го подигна темпото на игра и се префрли на противничката половина вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување во што успеа во последната минута од полувремето. На паузата се замина со 1-1. На стартот од второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт на натпреварот, по овој погодок екипата на Гранит тргна со сите сили кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување што ги остави ранливи во одбраната па Телеком преку контра напад го зголеми водството на 3-1. До крајот на полувремето и двете екипи постигнаа по два гола па на крајот натпреварот заврши со конечни 5-3.

4 октомври 2018 - 09:05