ЕЛЕМ со цврста одбрана до победа над Sparkasse

Екипата на Глобко Логистик славеше убедлив триумф во вториот ден од седмото коло во Бизнис лигата, а тесни победи издвојуваат Eurolink и ЕЛЕМ.

Глобко Логистик во елемент против ONE

ONE 2-8 (0-3) Глобко Логистик
ONE: Дарко Таневски 27’, Жарко Митевски 40’
Глобко Логистик: Иван Стојановски 7’, 30’, 36’, 37’, Горан Божиновски 10’, 40’, 40’, Александар Божинов 11’

Во првото полувреме екипата на Глобко Логистик демонстрираше одличен фудбал притискајќии го ONE да нема многу отворени шутеви кон голот. Шансите што Глобко Логистик ги имаше успешно ги реализира, што не беше случај кај ONE кој не искористи и неколку изгледни шанси за гол, па на полувремето Глобко Логистик замина со 0-3.Во второто полувреме Глобко Логистик продолжи во ист ритам, со што ONE немаше шанса да фати резултатски приклучок, па го загуби овој натпревар со 2-8.

TRANSMET во возбудлив натпревар до победа над Eurolink

TRANSMET 4-5 (1-1) Eurolink
TRANSMET: Александар Илиевски 20’, Ивица Стефковски 30’, 31’, 38’
Eurolink: Амер Скендеровиќ 13’, 38’, Тони Ѓуровски 32’, Игор Пејовски 34’, Перо Ангелески 39’

Исклучително неизвесно двете екипи го започнаа првото полувреме. Ниедна не дозволи противникот резултатски да се одлепи се до средината на полувремето когаTRANSMET во 13’ постигна погодок за 0-1. Но голманот на Eurolink се погрижи за нерешен резултат на полувремето. Иницијативата во второто полувреме ја имаше екипата на Eurolink. И кога во средината на второто полувреме помисливме дека Eurolink го има решено натпреварот проработе екипата на TRANSMET со гол на Амер Скендеровиќ во клучните моменти за победа на овој натпревар од 4-5.

ЕЛЕМ со цврста одбрана до победа над Sparkasse

ЕЛЕМ 4-3 (1-0) Sparkasse
ЕЛЕМ: Диме Милевски 11’, Антонио Ничевски 32’, Петко Бушески 35’, Жан Ристевски 36’
Sparkasse: Стојанчо Јосифоски 30’, 33’, Дарко Стојановски 40’

Бевме сведоци на натпревар во кој целосниот акцент беше ставен на одбраната. И двете екипи се потрудија да има што помалку отворени шутеви кон голот. Во првото полувреме со минимална предност отиде екипата на ЕЛЕМ, за да на самиот почеток од второто полувреме екипата на Sparkasse го изедначи резултатот. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше гол за гол. Во ваквата игра екипата на ЕЛЕМ беше поснаодлива за победа на овој натпревар од 4-3.

19 ноември 2014 - 10:42