ЕЛЕМ преголем залак за АрцелорМиттал

Во првиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија МЕПСО со пресврт славеше над ТРАНСМЕТ, а ЈСП и Адмирал си ги поделија бодовите.

Во драматичен натпревар ЈСП и Адмирал ги поделија бодовите

ЈСП 5-5 (4-2) Адмирал
ЈСП: Сабит Хусеини 4’ 16’ 38’ Дејан Блажевски 6’ 11’
Адмирал: Спасе Новковски 12’ 26’ Албрим Шакири 8’ Стефан Серафимовски 33’ Ненад Лааревски 37’ 
Екипата на ЈСП во раната фаза од натпреварот постигна два погодоци во дуелот со Адмирал со што направи предност за порелаксирана игра. Екипата на Адмирал во текот на целото прво полувреме се трудеше да ја анулира предноста но не успеа па ЈСП на полувремето отиде со предност од 4-2. Во второто полувреме како да дојде до опуштање во играта на ЈСП, па Адмирал успеа да постави против игра и не само што израмни туку и поведе со 5-4. Во самиот финиш дојде до исклучување на играч од двете страни, по што екипата на ЈСП успеа да постигне гол за израмнување на конечни 5-5 во овој натпревар.
 
Кире Наумовски со звукот сирената му донесе победа на МЕПСО во дуелот со ТРАНСМЕТ

ТРАНСМЕТ 2-3 (1-0) МЕПСО
ТРАНСМЕТ: Бобан Велјановски 14’ 40’
МЕПСО: Кире Наумовски 22’ 28’ 40’
Екипите на ТРАНСМЕТ и МЕПСО уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра, во отворен фудбал во кој црлосно беше ставен акцент на нападот и на двете страни. Екипата на ТРАНСМЕТ успеа да искористи грешка во додавањето на задната линија на МЕПСО и преку контра напад во 14 минута да поведе со 1-0, по што МЕПСО во своите редови внесе голман-играч но и тоа не вроди со плод па на полувремето ТРАНСМЕТ отиде со гол предност. Во второто полувреме МЕПСО продолжи со голман играч што вроди со плод и не само што го израмни резултатот туку и успеа да поведе со 1-2. На само 40 секунди до крајот нa овој натпревар ТРАНСМЕТ успеа да израмни, но МЕПСО во своите редови го имаше Кире Наумовски кој во последните секунди им ја донесе победата на екипата на МЕПСО.
 
ЕЛЕМ преголем залак за АрцелорМиттал

АрцелорМиттал 4-11(0-7) ЕЛЕМ 
АрцелорМиттал: Александар Зотиќ 31’ 35’ Маријан Стојановски 33’ Дејан Велковски 36’
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 2’ 6’ Влатко Петровски 3’ 9’ 11’ 19’ 26’ 34’ 40’ Диме Милевски 13’ Антонио Ничевски 25’
Екипата на ЕЛЕМ во дуелот со АрцелорМиттал уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра во која АрцелорМиттал не можеше да се снајде, пред се поради лошата игра во одбраната како и недостигот на кондиција. ЕЛЕМ уште во првото полувреме оствари резултатска предност кој беше недостижна за АрцелорМиттал. Едноставно ЕЛЕМ беше преголем залак за АрцелорМиттал и го доби овој натпревар со 04-11.
22 март 2016 - 17:16