Екипата на Окта со пожртвувана игра стигна до победа над ЕВН

Матрик и Елем славеа убедливо во третиот ден од 4. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Окта минимално го совлада Елем.

Екипата на Оста со пожртвувана игра стигна до победа над ЕВН

ЕВН 1-2(1-1) Окта

ЕВН: Вилијам Митев 16’

Окта: Драганче Стојановски 2’Драганчо Ѓорѓиевски 33’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Окта, уште во втората минута водството го превзема екипата на Окта. На тоа водство брзо одговори екипата на ЕВН и преку контра напад во средината на првото полувреме успеа да го израмни резултатот. Имаше по неколку шанси и на двете страни но резултатот не се промени до полувремето. Во второто полувреме играта се одвиваше на средината на теренот без многу шанси за гол, со пожртвувана игра од двете страни. Сепак при крајот на второто полувреме екипата на Окта успеа да искористи грешка во одбраната на ЕВН и повторно да дојде до водство во натпреварот. Екипата на ЕВН со сите сили тргна во нападот обидувајќи се да го израмни резултатот, сепак екипата на Окта доста искусно успеа да го сочува сопствениот гол и да извојува победа од 1-2.

ЕЛЕМ преку контра напади до победа над Вип

ЕЛЕМ 12-4(4-2) Вип

ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 13’ 35’ Антонио Ничевски 16’ Влатко Петровски 18’ 20’ 21’ 25’ 31’ 38’ Златко Станкоски 26’ 39’ Александар Бокан 28’

Вип: Јовица Наумовски 16’ Милан Аврамовиќ 17’ Илчо Удовалиев 23’ Ненад Богдановиќ 33’

Во натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Вип прва иницијативата ја превзеде екипата на ЕЛЕМ и преку Ковачевиќ го отвори натпреварот. Екипата на Вип благодарение на добрата одбрана која им овозможи брз контра напад успеа да го израмни резултатот преку Наумовски, но ЕЛЕМ успеа да ги консолидира своите редови и во игра со голман играч во која е неприкосновен го доби полувремето со 4-2. Во второто полувреме екипата на Вип се обидуваше да ја анулира предноста, но сепак екипата на ЕЛЕМ беше умешна и преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше високи 12-4.

Матрикс со ефикасна игра дојде до бодовите во дуелот со Еуро Табак

Еуро Табак 3-11(1-6) Матрикс

Еуро Табак: Влатко Богдановиќ 10’ 24’ Стефан Хаџидаов 23’

Матрикс: Ивица Алампиоски 4’ 5’ Мирко Богески 7’ Александар Шикалевски 10’ 17’ 34’ Антонио Богдановски 16’ 24’ 38’ Драган Брњарчевски 26’ 28’

Првото полувреме помеѓу екипите на Еуро Табак и Матрикс беше исполнето со многу шанси и голови. Екипата на Матрикс покажа целосна доминација на теренот и тоа резултираше со високо водство уште не самиот почеток. Екипата на Еуро Табак на таквата еуфорична игра од страна на Матрикс не успеа да најде решение па го загуби полувремето со убедливи 1-6. Во второто полувреме на самиот почеток екипата на Еуро Табак тргна напаѓачки кон противникот и преку Богдановиќ со евро гол од својата половина го намали високото водство од првото полувреме, но сепак ресположениот Матрикс прикажа одлична и ефикасна игра благодарение на која го доби овој натпревар со убедливи 3-11.

26 октомври 2017 - 08:40