Кентаро Кобајаши се соочува со отпуштање на ден пред отворањето со образложение дека се шегувал за Холокаустот во комично шоу во 1998 година.
Во снимката пред 23 години се гледа како тој на својот колега на сцената му се свртел и осврнувајќи се на кукли направени од хартија рекол „Ајде да го играме Холокаустот“.
Шефицата на Организацискиот комитет на игрите, Сеико Хашимото, изјави дека во видеото се исмеваат болни факти од историјата, а коментар за разрешувањето даде и самиот Кобајаши.
„Забавата не треба да ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно. Разбирам дека мојот глупав избор на зборови во тоа време беше погрешен и жалам за тоа“.
Отпуштањето на директорот на церемонијата која ќе ја гледаме утре, се случува после низа скандали пред стартот на Олимпијадата.
Пред неколку дена и композиторот на церемонијата на отворањето поднесе оставка откако се појавија обвинувања дека малтретирал ученици со хендикеп.
Во март, шефот за креативност Хироши Сасаки си даде отказ дал погрешен предлог, а во февруари Јоширо Мори беше принуден да се повлече од функцијата шеф на организацискиот комитет откако ги критикуваше жените дека биле “несоодветни“.
Видеото поради кое е отпуштен Кобајаши
五輪開会式ディレクターのラーメンズ・小林賢太郎さんが、「ユダヤ人大量虐殺ごっこをやろう」とホロコーストをネタにしてる動画です。https://t.co/dkDSArte0r pic.twitter.com/KJx02obaC7
— 実話BUNKAタブー編集部 (@BUNKA_taboo) July 21, 2021