Дајте поголема топка

Гледачите на натпревар од бразилската футсал лига беа сведоци на неверојатно промашување.

Сме се изнагледале промашувања на фудбалските терени, но и нивните футсал колеги докажаа дека можат добро да им конкурираат во оваа категорија.

На фудбалерите најчесто им недостига поголем гол, ама на овој талент му треба поголема топка.

Џоинвил ја победи екипата на Ибирама со 4:2, но победата можеше да биде и поголема ако топката не беше толку мала.

6 март 2012 - 11:07