Таг: промашување

Што направи бе младичу?

Имаме нов, многу сериозен кандидат за признанието промашување на сезоната. Тоа е Дејан Љубичиќ од Келн на дуелот против Херта Берлин. Се ушепртља на метро од гол мислиш Стам и Кембел се пред него. Но има голема среќа? Знаете зошто? Го реши мечот во продолженијата со гол од пенал и тоа во 121-ва минута.

За вакво промашување нема оправдување

Го измами и стоперот и голманот, а потоа сам себе се измами. Шведска втора лига.

Го имаме промашувањето за 2022 година

Се случи на мечот Брунеи - Индонезија 0:7. Без разлика на реализацијата на гостите, тоа што го утнаа треба да им го исечат од хајлаjтс, бидејќи срамота е да стои. Коментаторот вели ова може да е промашувањето на годината во цел свет. Не да може, ова е без конкуренција.

Пацерот на годината ни доаѓа од Хондурас

Мечот меѓу Олимпија од Хондурас и Диријанжен од Никарагва во рамките на четвртфиналето од Конкакаф лигата, ни го носи промашување на годината. Па ова со кук да пробаше ќе го дадеше.

Нереално е вака да ја одиграш на толку голем гол

Само некој кој прв пат фаќа топка во живот е разбирливо вака да одигра на празен гол, сè друго е несфатливо. Патарушкава игра за Португалија прва лига за тимот на Тондела и се вика Рафаел Барбоза. Замисли на спортска те зезне ради ова?

Сигурен си дека со глава требаше да го играш зицеров?

Емелек од Еквадор против Палмеирас во Копа Либертадорес. Гостите во контра убаво и рационално ја завршуваат акцијата, ама шпицот Рони прави потег како прв пат да игра во напад. Во следната акција примаат гол, ама среќа потоа дадоа уште еден и тепаа 1:3.

Бундеслигата веќе ја склопи топ листата на топ 10 утки на сезоната

Иако до крајот на сезоната имаат уште 10 кола, сепак Германците го искористија веќе богатиот материјал на промашувања и објавија компилација во која на врвот е Андре Силва. Стативите ги искршија од промашувања.

Од сега за вас двајца голот ќе биде 10 на 3

Трема ли ги фаќа што вака несмасно реагираат или не доручкуваат доволно? Прво го имавме Де Лихт, а сега еден Бразилец и Заха од Кристал Палас со веројатно најлошиот пенал сезонава во Премиер лига и пошироко.

Некој ако може да го зголеми голот за Паулињо?

Не е ова оној славниот Паулињо од Коринтијас, што играше за Барселона и Тотенхем, туку друг од Спортинг. Среќа ја тепаа Санта Клара во португалскиот шампионат со 2:1, инаку ластици за ова се јадат. Срамотилаци.

Во Индија ти да видиш како се завршува контра

Остајте ме сам ќе ја завршам. И ја заврши како никој до сега. Генијалец.

Професионален фудбалер не смее да го промаши ова

Колку треба да немаш компас или да немаш осет со глава за да направиш ваква утка сам на празен гол? Примеров е од Мексико.

Две нови епски промашувања на празен гол

Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.

Џеј Џеј Окоча и Тимо Вернер во едно

Густав Исаксен од Митјиланд е младо дете, 2001-ва родено и се гледа дека му фали искуство во напад. Махерски им го сврте паметот и на голманот и на дефанзивецот на Брага, ама чуму со пуна на крај? Тренерот клекна на земја од мака кога ја виде утката.

Промашување на сезоната уште во прво коло од ЛШ

Севиља и Салцбург за прв пат во историјата на Лига на шампиони добија четири пенали и тоа сите во прво полувреме. Гостите погодија само еден од три, а капак на утките стави 21 годишниот дефанзивец Умар Соле во вториот дел.

Пишман е што му ја подаде

Колумбија - Чиле: 19-та минута 1:0, стрелец Борха. 20-та минута 2:0, стрелец Борха. 27-ма минута Борха во напад за хет-трик кој можеше да го оствари за 7 минути. Некогаш човек треба да е себичен.

Место да влезе со топка во гол, тој едвај ја погоди и се посрамоти

Евиденс Макгопа од Јужна Африка го направи најнереалното фудбалско промашување оваа година, откако се ушепртља пред гол без никој да му смета. Среќа што неговите дадоа гол во 83-та минута за победа против Гана во мундијалските квалификации.

Како зглобот Тони?

Фудбалските викенди ретко поминуваат без некое смешно и нелогично промашување, а овој пат такво имаше во Португалија. Порто одигра 1:1 на гостувањето против Маритимо, а шпанскиот напаѓач Тони Мартинез не ни успеа да шутне на метро од гол.

Па добро, фина завршница

Убаво е чувството кога умееш вака да го изработиш голманот, ама не и кога нема да го употребиш мозокот, односно главата за да ја сместиш во гол. Се истепа и со топката и со стативата. Ипсвич - Челтенхам.

Ќе ја даде или не?

Ова мода стана или уште се на одмор со паметот? Бележиме трето невозможно промашување за три дена и тоа повторно во фудбалска земја, во прва лига. Несреќникот се вика Николас Рениеро од Аргентиност Јуниорс, кој среќа има што тепаа 1:0, инаку него ќе го тепаа за ова.

Цела Грција му се смее за потегов

Промашувањето на сезоната во Грција се случи во втората лига, а несреќникот е Матијас Кастро од Јоникос. Нема оправдување друже, мајка ти ли ја бараше да се пикаш толку напред во гол?

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.

Ај на фудбал, ама на ракомет да промашиш празен гол?

Данска, земјата која го освои последниот Мундијал и ја одбрани светската титула. Додуше ова е во женски ракомет, ама без разлика, чудно и несвојствено е да се избламира вака човек во овој спорт.

Лука го изеде срамот а?

Не дека Бенфика синоќа имаше проблеми на Куп натпреварот на гости против третолигаш кој го доби со 0:4, ама сепак ова се дава со заврзани очи. Плус Лука Валдшмид е репрезентативец на Германија.

И после зошто Малезија ја нема на Светско

Ерик Максим Чупо Мотинг мижеечки ја дава оваа, па и Дејви Главевски сега на 53 години.