УНИКА и Систина ги поделија бодовите
УНИКА 4-4 (4-2) Систина
УНИКА: Арбен Нухиу 4’, 8’, Влатко Деспотовски 4’, Ибиш Мисини 5’
Систина: Александар Јаневски 6’, Далибор Дамјановиќ 15’, Даниел Боневски 21’, 26’
Екипата на УНИКА во дуелот со Систина имаше фуриозен почеток. За само 4 минути успеа да постигне 3 гола, со што си создаде комфор зона. Но, ваквата комфорна зона успеа да ја искористи Систина, намалувајќи го водството и фати резултатски приклучок. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше егал и ниедна од екипите не успеа резултатски да се одлепи, па на крајот натпреварот заврши нерешено 4-4.
АрцелорМиттал без пресврт против ЕВН
АрцелорМиттал 7-10 (2-7) ЕВН
АрцелорМиттал: Марјан Петровски 10’, 36’, Љупчо Шегмановиќ 15’, 26’, 36’, 37’, Игор Мирчевски 31’
ЕВН: Дарко Цветковски 2’, 33’, Александар Димовски 6’, 18’, Петре Даиловски 8’, 9’, 16’, Благојче Кулев 18’, Бојан Маџовски 29’, Вилијам Митев 33’
Екипата на ЕВН мошне амбициозно влезе во дуелот со АрцелорМиттал, со доста сериозен пристап кој и овозможи да стекне предност уште на самиот старт, која ја зголемуваше во текот на натпреварот. Ваквата предност доведе до опуштање во нивните редови, по што АрцелорМиттал со целосна офанзива се врати во натпреварот, но се чинеше прекасно бидејќи времето беше сојузник на ЕВН, кој го доби овој натпревар со 7-10. Полувреме 2-7.
ХАЛКБАНК убедлив во дуелот со ОНЕ.ВИП
ХАЛКБАНК 11-4 (4-1) ОНЕ.ВИП
ХАЛКБАНК: Дејан Петкоски 2’, 4’, Мартин Дамески 13’, 19’, 24’, 36’, 38’, Игор Стојановски 25’, 28’, Влатко Блажевски 27’, Дарко Калевски 29’
ОНЕ.ВИП: Сашо Србаков 15’, Баже Цоневски 36’, Бобан Несторовски 39’, Мартин Ангеловски 40’
Екипата на ХАЛКБАНК во дуелот со ОНЕ.ВИП имаше цврста одбрана и доста контролиран напад, што не беше случај кај ОНЕ.ВИП, кој во нападот играше по малку конфузно, без конкретна реализација. Ваквата игра целосно беше на страната на ХАЛКБАНК, која го доби убедливо овој натпревар со 11-4.