Матрикс со сигурна игра дојде до победа над ЕВН
ЕВН 0-4(0-1) Матрикс
Матрикс: Антонио Богдановски 40’ Мирко Богевски 11’ Петре Даиловски 23’ 40’
Прво полувреме во висок ритам на игра ни прикажаа екипите на ЕВН и Матрикс, уште на стартот и двете екипи се определија со офанзивен стил на игра што резултираше со шанси за погодок и на двете страни. Кон средината на полувремето екипата на Матрикс успеа да реализира еден контра напад преку Богевски за водство од 0-1. По ова екипата на ЕВН се префрли на противничко поле и се обидуваше да дојде до израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси но имаа слаба реализација па на полувреме се замина со резултат од 0-1. На стартот на вториот дел екипата на Матрикс со голот на Даиловски успеа да го зголеми водството на 0-2, по ова екипата на ЕВН не и преостана ништо дуруго освен да фрли се на една карта и да тргне во целосна офанзива. Таквата офанзивна игра остави многу празнини во нивната одбрана што екипата на Матрикс знаеше да ги казни па на крајот да го добие овој натпревар со 0-4
Алкалоид со одличен финиш до победа над Македонски Телеком
Македонски Телеком 4-7(3-3) Алкалоид
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 38’ Стефан Насковски 13’ 15’ Наум Костовски 4’
Алкалоид: Даниел Ристевски 5’ 20’ 36’ Бобан Митевски 12’ Илија Арсовски 36’ 39’ Даниел Митич 34’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Алкалоид, прва во водство дојде екипата на Телеком во 4та минута со голот на Костовски следуваше брз одговор на екипата на Алкалоид со голот на Ристевски и израмнување во 5та минута. Во средината на полувремето екипата на Алкалоид успеа да реализира еден контра напад за целосен пресврт во натпреварот. По ова следуваа одлични минути за екипата на Телеком кои со двата гола на насковски успеа повторно да ја врати резултатската предност, сепак во последните секунди од полувремето Ристевски стрелаше за Алкалоид и израмнување на резултатот 3-3. Во второто полувреме и двете екипи се определија за позатворена варијанта и повеќе беа сконцентрирани на одбраната, во фаза на напад тие се обидуваа со соло акции и удари од далечина да направат нешто повеќе. Во втората фаза од полувремето и припадна на екипата на Алкалоид која само за неколку минути успеа да постигне три погодоци и направи предност недостижна за екипата на Телеком која денеска беше со скратена клупа и практично без замена. Алкалоид го доби овој натпревар со резултат од 4-7
Уни Банка немаше доволно сили за пресврт во дуелот со ЈСП
Уни Банка 2-3(0-2) ЈСП
Уни Банка: Ангел Петков 36’ Марко Ташков 38’
ЈСП: Томи Петковски 27’ Гоце Крстевски 2’ 20’
Екипата на ЈСП одлично го отвори дуелот со екипата на Уни Банка со погодокот на Крстевски во 2та минута, ова рано водство на екипата на ЈСП ја примора екипата на Уни Банка да тргне поофанзивно со цел да дојде до ирамнување, тие успеаа да создадат неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација. Екипата на ЈСП одлично ја контролираше играта во ова полувреме па успеа да замине со предност од 0-2 на паузата. Во второто полувреме екипата на Уни Банка тргна со сите сили по израмнување, екипата на ЈСП со одлично поставена игра во одбраната успеа да одолее на почетните напади во ова полувреме. Како одминуваше времето екипата на Уни Банка стануваше се поагресивна па во последните минути од натпреварот успеа да постигне два погодоци и да дојде до само гол негатива со што ја нарправи завршницата неизвесна. Сепак екипата на ЈСП не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 2-3.