Алкалоид со целосен пресврт до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Сава Осигурување, Лукоил и Алкалоид славеа победи во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Алкалоид со целосен пресврт до победа над Фабрика Карпош - ГИМ

Фабрика Карпош - ГИМ 2-4(1-1) Алкалоид

Фабрика Карпош - ГИМ: Георги Божиков 2' Кристијан панев 22'

Алкалоид: Стефан Димовски 3' Денис Салковиќ 29'34' 39'

Израмнето прво полувреме одигра екипите на Фабрика Карпош - ГИМ и Алкалоид, видовме рано спотигнат гол во 2та минута за водство на екипата на Фабрика Карпош но веќе следната минута имаше одговор од другата страна за израмнување. По оваа почетна еуфорија темпото на игра спласна играчите повеќе се фокусираа на одбраната и со повремени удари од далечина се обидуваа да го изненадат противникот. На полувремето сепак се замина со резултатот од 3тата минута 1-1. На стартот од вториот дел екипата на Фабрика Карпош успеа да ја искористи предноста со играч плус на теренот и да поведе со 2-1. По оваа негатива екипата на Алкалоид направи неколку промени во играчкиот кадар што резултираше со целосен пресврт во 34та минута благодарение на расположениот Салковиќ кој ја осигура победата на Алкалоид со 3 постигнати гол. Крај 2-4

Сава Осигурување сигурни во дуелот со Мепсо

Мепсо 0-5(0-4) Сава Осигурување

Сава Осигурување: Андреј Китановски 4' 8' 38' Ивица Минов 6' Мирче Маринкович 19'

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Мепсо и Сава Осигурување во целост и припадна на екипата на Сава Осигурување, тие уште на самиот старт започнаа со силен притисок кон противничкиот гол и во 8та минута имаа солидно водство од 0-3. Екипата на Мепсо со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок и да дојде до намалување на предноста на Сава. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување ги затвори сите приоди до својот гол и не и дозволи на екипата на Мепсо да постигне погодок. На полувремето се замина со резултат од 0-4. На стартот на второто полувреме екипата на Мепсо се префрли на противничката половина вршејќи постојан пристисок кон голот на Сава Осигурување, тие креираа неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Сава ОСигурување целосно ја контролираше играта и резултатот па на крајот извојува висока победа од 0-5.

Во драматична завршница Лукоил до победа над ЈСП

Лукоил 6-5(3-3) ЈСП

Лукоил: Маријан Цветковски 12' Игор Дамјановски 9' Дејан Зиков 6' 22' Мартин Алаѓозовски 38' Лоренцо Николовски 40'

ЈСП: Дејан Блажевски 36' Љупчо Павловиќ 10' 13' Даниел Антовски 19' 37'

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и ЈСП, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра со голема борба во рамките на фер плејот. Прво до водство дојде екипата на Лукоил со одличниот погодок на Зиков во 6та минута, веќе во 9та минута резултатот беше 2-0. Екипата на ЈСП не се откажуваше лесно и со голема борба одговараше на секој гол на екипата на Лукоил па на паузата се замина со резултат од 3-3. На стартот од второто полувреме екипата на Лукоил постигна погодок за ново водство, по овој погодок екипата на ЈСП се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Лукоил. Екипата на Лукоил одолеваше на притисокот до 36та минута која ЈСП постигна погодок за изармнивање а веќе во следната минута и погодок за водство. Последните 3 минути беа вистинска драма во која екипата на Лукоил успеа да постигне два погодока и повторно да ја врати резултатската предност за победа од 6-5.

10 октомври 2018 - 07:46