Аџибадем Систина со одлична одбрана до бодовите во дуелот со Окта

Македонски Телеком и Аџибадем Систина ги освоија бодовите во вториот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Вип немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Телеком

Вип 2-4(1-3) Македонски Телеком

Вип: Сашо Србаков 28’ Мартин Тодоровски 15’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 4’ 40’ Стефан Наскоски 8’ Даниел Анчевски 1’

Првата фаза од дуелот помеѓу Вип и Македонски Телеком и припадна на екипата на Телеком која успеа да постигне погодок уште во првата минута и да ја изненади екипата на Вип. Во 4та минута екипата на Телеком изведе одличен контра напад кој го релизираше Лазаревски за водство од 0-2, во 8та минута уште една одлично воиграна акција и водство од 0-3 за екипата на Телеком. По оваа негатива екипата на Вип се обидуваше со чести ротации на играчи да ја пронајде вистинската игра како би фатиле резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да постигне погодок од белата точка и да го намали водството на 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Вип ја превзема иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Телеком, кон средината на полувремето успеаа да постигнат погодок и да се добилжат до само еден гол негатива. Во последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која екипата на Вип постојано напаѓаше а екипата на Телеком одлично го чуваше својот гол и во последната минута успеа да искористи кикс во одбраната на Вип и да стави точка на овој натпревар кој го доби со 2-4.

Аџибадем Систина со одлична одбрана до бодовите во дуелот со Окта

Аџибадем Систина 3-2(1-0) Окта

Аџибадем Систина: Никола Малјановски 11’ 34’ Игор Ѓорѓиевски 27’

Окта: Един Скендеровиќ 25’ Александар Јовчевски 38’

Првиот дел од полувремето во дуелот помѓу Систина и Окта одмина во мирен ритам на игра, двете екипи беа претпазливи и ги испитуваа силите па играчите со соло акции и удари од далечина се обидуваа да направат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Систина ја превзеде иницијативата успеа да створи неколку шанси за погодок, што вроди со плод во 11та минута и водство од 1-0. По оваа негатива екипата на Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, успеа да створи зрели шанси за погодок но голманот на систина беше на висина на задачата и ја сочува својата мрежа мирна. На полувремето се замина со 1-0. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра и по теренот беше вистинска бркотница, на стартот на полувремето екипата на Окта успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. Сепак екипата на Систина неколку минути подоцна поточно во 27та минута успеа да го превземе водството и до крајот на натпреварот успеваше да одолее на нападите на екипата на Окта и да го добие натпреварот со 3-2.

5 декември 2018 - 11:47