Вардарци ги избегнаа непосакуваните реномирани противници Кил и Веспрем, додека гигантот Барселона ќе се соочи со тимот на Вујовиќ.
По елиминацијата на Висла Плок, ракометарите на Вардар повторно ќе имаат двобој повторно против полски тим, кој е посилен по квалитет.
Минатата година во четвртфинале играа против Фленсбург, но не успеаа да се пласираат во завршницата во Келн. Раководството тогаш презентираше видео и се пожали на скандалозно судење.
Четвртфинални двојки:
Загреб - Барселона
Вардар - Кјелце
ПСЖ - Веспрем
Пиг Сегед - Кил
Првиот меч се игра во салата „Јане Сандански“ на 11 или 12 април, а реваншот е по една недела,