Хамад Фати е висок 225 см и тежок 140 кг. Игра на позиција пивот и е член на Египет. Своето репрезентативно деби го имаше против Конго во Купот на африкански нации, а ракометниот експерт за време на преносот на норвешката TV2 рекол:
„225см и 140 кг? Никогаш не сум видел нешто толку големо на меѓународно ракометно игралиште“.
Хамад е поранешен кошаркар кој сега игра ракомет и кој важи за највисок ракометар во светот. Пред него овој примат го држеше Даинис Кристопанс од Латвија кој игра за Мешков Брест и кој е висок 215 см.
„Сум видел големи играчи, а овој изгледа многу силен и брутален, но не и брз. Тешко е веднаш да се даде целосна анализа за неговата игра и квалитети. Евидентно е дека има голема предност во висина и само тој може да стои во линија со рацете во воздух, но претпоставувам дека ќе се бори со координација“, вели норвешкиот експерт.
Со еден чувар
Со четворица чувари
Шутот на Кристопанс