Со убедливиот триумф над Алингсас од 42:29, Барселона по осум одиграни кола, има седум победи во групата Б од Лигата на шампиони, а најпрецизен беше Лазаров кој го торпедираше шведскиот претставник во 12 голови.
И покрај новата блескава партија на македонскиот репрезентативец кој со вкупно 57 голови се искачи на првата позиција на листата на стрелците во ЛШ, европската куќа на ракометот повторно не му најде место во тимот на колото. Таму е Штефан Вајнхолд од Кил кој му даде 9 гола на Загреб.
Во изборот пак за најдобар десен бек во светот на порталот „Хендбол планет“ Лазаров пред две недели имаше убедлива предност од над 1.500 гласови зад второпласираниот Ласло Наѓ. Но сега неговата предност е само 38 гласови.
Лазаров има 7.769 гласови, Наѓ од Веспрем 7.231, трет е Марко Вујин од Кил со 2.082, а на четврто место е членот на Металург, Ренато Вугринец со 838 гласови.
Гласањето завршува на 4 декември, а за поддршка на македонскиот капитен кликнете ТУКА.