Стопирајте што и да правите и гледајте го овој брилијантен момент во режија на Иван Матскевиќ, напиша ЕХФ на Твитер за мечот меѓу Елверум и Мешков Брест.
Се работи за драма која се состои од 10 секунди и која не паметиме дека ја направил друг голман, особено не во Лига на шампиони.
Домаќините при резултат 32:32 имаа последен напад за победа и кога еден од ракометарите на Елверум се крена на шут, се случи драма и пол.
Голманот на Мешков Брест не само што успеа да го скроти ударот, нешто што сме го виделе многу пати на крај на натпревар, туку и да го реши на херојски начин.
Сето тоа се случи со звукот на сирената и тоа за прва победа на белорускиот првак по 9 кола во најелитното клупско натпреварување.
Како се анулира предност од 4 гола во ракомет за 100 секунди?