Кире не го заборавил легендарниот Дади од Пелистер
Иако поминаа две децении откако го носеше дресот на Пелистер, капитенот не го заборавил долгогодишниот економ на клубот каде ја почна кариерата во 1997-ма година. По долги години Кире повторно заигра ракомет во Битола и се сретна со Дади на кој му го подари дресот. Низ насмевка рече дека многу добро го гледал кога бил играч на Пелистер.