Навивачи

Мексиканци начекаа Кореец

Победата на Јужна Кореја над Светскиот првак Германија ќе се памети како едно од најголемите изненадувања во историјата на Мундијалите. На тоа лудуваа од радост Мексиканците бидејќи ако тепаа Германците, ќе испаднеа. За прославата да биде уште полуда и незаборавна им падна Кореец в раце пред стадион.

Кога Мексиканците слушнаа дека Германија примила гол

Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.

Редарот кој го претресувал Марадона на врата

Диего сме го гледале во разни варијанти. И поднапиен и спремен да се тепа со новинари и со фоторепортери, ама како вчера не сме го виделе. За тоа е крив човекот што го „тресел“ на врата.

Транс на Аргентинците во Буенос Аирес и Барселона

Во маалата на Буенос Аирес каде се живее за „гаучосите“ синоќа била права лудница. А весело било и во Каталонија.

На Марадона му се слоши па го изнесуваа

Кога за 90 и кусур минути во жустро интересен меч камерите те даваат само тебе тогаш мора да си Диего Армандо. Правеше циркус цел меч, а на крајот веќе избезумен не знаеше кај се наоѓа.

Аргентинците веќе грмат во кортео

Откако допатуваа во Ростов каде вечерва од 20 Меси и компанија играат решавачки меч против Нигерија за пласман во осминафиналето, песната на Аргентинците не престанала во градот близу хотелот на репрезентацијата.

Желбата на 101 годишниот навивач на Уругвај

Го имаме еден од ретките навивачи на Уругвај или можеби единствениот кој може да сведочи за најраната историја на Мундијалите, па и пред тоа. Сè што има освоено Уругвај има видено со свои очи.

Статива на денот

Кога Јапонец ќе дојде во Белград.

Иранецот со насолзено лице и боите на својата земја

Иран со исправена глава ќе замине од Светското првенство затоа што освои 4 бода во група со Шпанија, Португалија и Мароко. Во последните секунди од последниот меч имаа огромна шанса да победат и да одат понатаму но промашија. Некои од навивачите на Иран се расплакаа од тага.

Магијата на Крос продолжува - ист гол дадоа германските новинари против шведските

По традиција меѓу себе играат фан-клубовите и новинарите од земјите кои се сретнаа на Мундијалот. Германските новинари ги совладале шведските колеги 2:1 со победнички гол во последните секунди од мечот - буквално ист како на Крос.

Колумбијците знаат како да прослават победа

Откако нивната репрезентација ја демолираше Полска со 3:0 во 2. коло од групната фаза и сега има големи шанси за пласман во осминафинале ако го победи Сенегал, навивачите на Колумбија ширум оваа земја славеа на улици и по локали.

Јапонецот кој од публика ја закова со глава

Сенегалскиот репрезентативец Н’Дојде во 51’ минута од мечот против Јапонија ја шутна топката високо над голот, а таму на трибините ја сочека еден Јапонец кој немаше страв да ја забие со глава.

Перуанци продавале дом за да одат на Светско

Да, Исланѓаните многу сакаат фудбал и скоро цела земја остана пуста откако илјадници од нив отпатувале во Русија на Светското. Ама она што го прават луѓето од Перу за својата фудбалска репрезентација се коси со здрав разум и е лудо.

Фрустрирани Аргентинци нападнале хрватски навивачи

Светското првенство во Русија минува без и најмал инцидент ако ги тргнеме настрана пијаните Англичани кои салутираа хитлерашки во Волгоград. Руската полиција и редарски служби го чешлаат секое ќоше, но синоќа во еден од ходниците на трибините Аргентинци нападнаа хрватски навивачи.

Хрватите побудалеа од радост

На СП 2002, 2006 и 2014 не успеаа да минат групна фаза, а на 2010-та не се ни пласираа, што значи лудилово во Хрватска и пошироко не е само заради тоа што ја урнаа Аргентина, туку и затоа што не виделе пласман во нокаут фаза од 98-ма кога со Бобан, Шукер, Проснечки и компанија го освоија историското трето место.

После цели 39 години во Иран конечно пуштија жени на стадион

Светското првенство е празник не само во Русија. Фудбалската револуција овозможи во Иран конечно во ХХI век да пуштат жени на стадион заедно со мажи.

Што прават бразилски навивачи во авион во Русија?

Додека летаат од еден во друг град каде ќе игра нивната репрезентација, Бразилците се забавуваат со стјуардесите. На ред дошла извесна Полина која кутрата мора да ја следи процедурата на објаснување безбедносни мерки.

Мексиканките кои ја запалија Русија

Ниту еден фудбалски старт не беше до сега толку храбар на ова првенство, како потегот на овој пар пред публика. И тоа пазете среде Русија, земја која не важи баш за либерална по овие прашања.

Руска полиција ги претресла Сенегалците зошто многу играле

Сенегалските навивачи во Москва донеле прав африкански колорит, а на руското МВР му било чудно како тоа тие со денови непрестано танцуваат па решиле да им ги тресат собите да не имаат недозволени супстанци.

Ама не е фер 50 на 1

Руски навивач стои на семафор и не се тргна од правецот на Египќаните без разлика што е свесен дека ризично ќе му биде кога ќе се вклучи зелено. Воведов ќе го завршиме со надеж дека не наебал и се завршило во духот на фер плејот.

Јапонска, сенегалска и колумбиска култура во Русија

Не е важно од каде си, важно е какви ти се манирите. Ако се водиме по оние на навивачите на Јапонија и Сенегал, пикавец ќе нема на стадион. Службите за хигиена на Мордовиа арената во Саранск и оние на Спартак стадиум во Москва, после натпреварите сигурно си заминале дома безгрижно со вакви навивачи.

Од 53 милиони Англичани, во Русија стигнале само 2.500 - криви се англиските медиуми

Да има Светско на Марс најбројни навивачи би биле Англичаните. Но медиумската машинерија направи страшна анти-кампања против Русија, па луѓето решиле да останат дома каде им е побезбедно.

Лудо славје на Англичаните по пабовите и плоштадите

Со голот на Хари Кејн за победа во 91’ минута, Англија ги освои првите три бода на Светското и ќе може да игра полесно во продолжение без притисок. Навивачите ширум оваа земја а и оние кои беа на стадион прославија френетично.