Навивачи

Од крајност во крајност во шкотскиот фудбал

Колку е досаден на теренот, шкотскиот фудбал толку е интересен на трибините. Така за време на мечот Гринок Мортон - Сент Мирен, гостинскиот дефанзивец од Кипар Стеиос Деметриу од трибините го погодија со чоколадце кое си го изеде. Во исто време бизарна ситуација на мечот Данфермлајн - Фалкирк во шкотскиот Чемпионшип, каде гостинските навивачи фрлаа протетички очи кон фудбалерот на домашните Дин Шилс на кој во 2006. година на 18 години му извадиле едно око.

Роденденско пиротехничко шоу на Сити Парк Бојс

Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.

Менталитетот на Коби Брајант ме мотивираше да станам друг човек

Кошарката во редовите на Лос Анџелес Лејкерс не е иста во изминативе 17 месеци откако од паркетот се повлече Коби, човекот кој до толку е влијателен кај своите навивачи, што успева “да им го смени“ личниот опис.

Како внесувате пиротехника на стадион? Еве вака

Ултраси од Тунис добија прашање во емисија како успеваат да внесат пиротехника при толку контроли на врата? Одговорот е оригинален.

Коментар на денот на селанецот за хулиганските нереди во Белград

Луѓето кои се занимаваат со земјоделие од утро до мрак се борат за секој денар, и некако не им е јасно како еден фудбалски спектакл во големите градови се претвора во крвава битка поради освојување на „некаква шипка“ на трибината.

Општ хаос на дербито во Белград

Во 16’ минута од мечот Партизан - Црвена Звезда на јужната трибина започна масовна тепачка. Според една верзија подгрупа на Гробарите, Vandal Boys сакале да ја преземат трибината по што настана невидена тепачка со бакљи и разни предмети. Во еден момент полицијата на атлетската патека извади десетина разголени навивачи. Епилогот е 20-ина повредени лица од кое едно е на реанимација.

Судија кај си ќор, па уште и храната ти е грда

Навивачите на Лацио немаат уште завршено со судијата кој не им досуди чист пенал против Торино, па откако не го начекаа пред стадион, му најдоа нешто што е во негова сопственост за да му се одмаздат.

Паролата на тифозите на Порденоне против Интер

Порденоне е третолигаш кој синоќа ја воодушеви јавноста со одлична игра против Интер во Купот на Италија. Лидерот во Серија А едвај се спаси на пенали и се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека победникот од дуелот Милан - Верона (вечерва). Момент на мечот беше гостинската парола.

Пијана работа батка

Британските ригорозни закони кои ги донесе „челичната лејди“ Маргарет Тачер ги стокми трибините пиц-пец. Нема веќе скршени крвави глави на фудбал, ама па затоа има новокомпонирани навивачи кои знаат само за селфи на Инстаграм.

No pyro no party во Амстердам

Навивачите направија штимунг а играчите им вратија со убедливи 3-0 во големото дерби против ПСВ Ајндховен. После 15 кола ПСВ има 39 бода и е прв а Ајакс заостанува 7 бода и е трет.

Како изгледа знаме долго 500 метри, тешко 4 тона

Ќе ви покажат навивачите на Росарио Сентрал. Впрочем и нема други навивачи како аргентинските кои знаат да направат ваква луда кореографија. Што ти е страст за фудбал.

Пораката на навивачите на Селтик до Доналд Трамп

По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.

Лига Европа ги спои Лацијалите од Скопје и Брисел

Без разлика на далечината, студот и веќе познатиот расплет во групата, вистинскиот навивач не прашува со кого и каде игра неговиот клуб, туку само кога, за да види дали тогаш има лет да се нацрта на стадион.

Соопштение на навивачите на Вардар пред Розенборг

Најдобрата сезона на Вардар на европска сцена полека доаѓа до самиот крај. Одисејата низ континентот завршува во Скопје, во четврток против Розенборг а Комити имаат посебна желба.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Навивач на Беневенто го предвиди голот против Милан во 95-та минута

Беше тоа уште еден скроз ненадежен, 15-ти меч во низа на кој им се надзираше нов пораз, но еден од навивачите ја снимаше атмосферата на трибините во таа легендарна 95-та минута. Вели вака е пред голот. Потоа се знае. Експлозија.

Навивачите на Спарта Прага необично го бркаат тренерот

Андреа Страмачони важи за еден од ретките тренери кој има среќа да го ангажираат големи клубови а човекот резултати немал никогаш-никаде. Беше тренер на Интер, не направи ништо. Го водеше Удинезе, пак ништо. Отиде во Грција, го избркаа од Панатинаикос. Сега на ред е Спарта Прага која што ја уназади.

Сега Шверцери Чаир со поздрав до Комити

За време на дербито меѓу Шкупи и Вардар кое Чаирчани го добија 2-0 со два маестрални гола, домашните навивачи извадија парола како одговор на Комитите од пред некој ден.

Фемили Аеродром се враќаат на трибина

По речиси две години и шест месеци во бојкот, најверните навивачи на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје наскоро би можеле одново да бидат „ветар во грб“ за Металците.

Славје, ама баш славје

Фудбалерите на бразилскиот Гремио по трет пат во историјата го освоија најдрагоцениот пехар на континентот Јужна Америка откако и во реваншот го совладаа Ланус од Аргентина (1-2). На улиците на Порто Алегре излегле преку сто илјади луѓе.

10.000 гледачи на петтолигашки меч

Покрај големото трио (Порто, Спортинг и Бенфика), како и Брага и Виториа, сите други прволигаши во Португалија во просек имаат под 10.000 фанови на своите натпревари. Петтолигашот Ламас Лузитанија го нема тој проблем и на нивните натпревари трибините крцаат. Пазете го ова френетично радување за гол. Скокаа и се измешаа во купче заедно и играчи и навивачи. Секоја чест за поддршката, ова се вистински навивачи.

За девојката која го режираше филмскиот хит Green Street Hooligans

Најгледаниот филм за навивачи во светот го создала шампионка по карате која што редовно била присутна на дружбите и акциите на фудбалските хулигани.