Во шпанската фудбалска култура ја немаа онаа жестока ултрас сцена како во една Италија на пример, ама некој ги гледал навивачите на Зенит, па си рекол дај и ние да направиме нешто. Ова е атмосферата додека автобусот на Валенсија се движи накај Местаља каде синоќа го совлада Бетис и закажа финале со Барса во Купот на Шпанија. Амејзинг.
Динамо Загреб игра фантастична сезона во Европа каде стигна до осминафиналето од ЛЕ. Во четврток на 7 март од 18.55 на „Максимир“ ќе ја пречекаат Бенфика. По пуштање во продажба на картите, се направила огромна колона пред билетарницата. Ваква атмосфера во и околу клубот немаше повеќе од неколку години поради бојкотот на Бед Блу Бојс.
Белград гори во пресрет на дербито меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда закажано за сабота со почеток од 18 часот. Навивачите на Партизан направија прејака бакљада. Колку се понапред ова Србиве од нас. 400 души не одат на стадион во македонското првенство, а не па вакво нешто да се организира пред дерби.
Големото дерби во шведскиот Куп меѓу Гетеборг и Гаис беше прекинато по 45 минути игра поради тоа што домашните навивачи запалиле сто кила пиротехника. Голманот на Гаис бил повреден од бакљите на навивачите и нема да може да го одигра денес продолжението од мечот кој ќе се одржи без гледачи.
Подобро зјапајте во таа црнката која најавува УФЦ борба отколку во тој црепот позади. Инаку во живо го видоа на вести потегот со мрсулот кој реши да го вечера.
Фудбалерите на Зенит вечерва во реваншот од Лига Европа го совладаа Фенербахче со 3:1 и ја анулираа негативата од Истанбул, па заслужено одат во следната фаза. А големи заслуги за тоа имаат и навивачите на рускиот клуб кој преубаво ги испратија до стадионот.
Во пресрет на реваншот од Лига Европа меѓу украински Динамо Киев и грчки Олимпијакос, клубот од Пиреја излезе со официјално соопштение до своите приврзаници, во кое бара стриктно да се држат до некои совети, за да избегнат неволји.
Пред дербито Ривер - Расинг Клуб, еден навивач на Бока отишол да џогира (намерно или не, не знаеме) во дрес на неговиот омилен клуб и тоа во близина на стадионот „Монументал“. Толку требало за да го нападнат.
По синоќешното прво осминафинале меѓу двата гиганти кои одиграа без голови, се појави една искрена и пијана душа која си призна дека отпатувал во Германија за меч кој Ливерпул го играше дома. Па има ли појако?
Во последниве две години, ширум фудбалските стадиони во Европа често се пее една неверојатно певлива мелодија која настанала пред 34 години од италијанското дуо Ригеира.
Борусија Дортмунд после цели 7 години може да стане шампион на Германија, но навивачите на овој клуб кои важат за едни од најверните во Европа, го пропуштија важното гостување во Нирнберг. Од принципи.
Некогашниот прволигаш Бари во моментов игра во четвртата италијанска лига Серија Д. На гостувањето против Локри синоќа славеа 0-3, а прославата на првиот гол кој го постигна капитенот Ди Чезаре заврши лошо по еден гостински навивач кој тешко повредил неколку пршлени.
Се мачеа со ликови како Калиниќ, Борини и незадоволниот Игуаин, ама затоа дојде Пјонтек, испука шест пати на четири средби, го качи Милан на посакувана четврта позиција која носи во ЛШ и расположението кај ултрасите е одма по друго.
Имаш навивач на Реал кој изиграва ел матадор и холандски таксист. И тука нема ништо напето, напротив таксистов ја прифаќа играта, па дури и го снима со мобилен пошто и него му преку такво од возење и сака нешто вакво што ќе му го разубави денот. Убави сцени.
Навивачите на Пари Сен Жермен, околу 4.000 души, синоќа издоминираа пред преполните трибини на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Домашната публика како на балет.
Како по правило, која екипа и да гостува на „Олимпико“, го провоцира домаќинот било да е Рома, било да е Лацио со реквизит на еден од овие два клуба. Синоќа романистите ги иритираше еден навивач на Порто.
Ајакс вечерва го пречекува Реал Мадрид во осминафиналето од ЛШ. Пред хотелот на eвропскиот првак го имаше оној стандарден обид за рушење на сонот на играчите, дело се разбира на навивачите на Ајакс. Ќе видиме вечер дали ќе им влијае ова на Модриќ и компанија. Среќна нова година Кралеви, Бадник, Божиќ и Коледе.
И покрај најавите дека Јунајтед ќе ја продолжи победничката серија по доаѓањето на Солскјер на клупата, на ПСЖ не му фалеа многу Кавани и Нејмар за да издоминира во Манчестер. А богами издоминираа и нивните ултраси кои дојдоа преку 4.000 во Англија и непрестано грмеа.
Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.
Можеби има некоја симболика во ова и е дел од некакво реметење, ама бидејќи се спремаме да доручкуваме, не мора да знаеме детали. Ова го прават навивачите на Динамо Дрезден на меч против Хамбург. Жглап, право во уста.
Има една тешка дилајла по име Мохамед Хени кој многу скапо го изразува револтот кога ќе загуби Олимпик Марсеј. Велат еден пораз го плаќал со еден телевизор во канта или поточно во земја. Пази колку е луд, ги погребува на крај.
„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“