Навивачи

Јака скриена камера за турскиот фудбал

Ни крива ни должна, во лифт се наоѓа меѓу закрвените навивачи на Фенербахче и Галатасарај. Фалеше на седми да влезат уште и навивачи на Бешикташ и да биде турлитава.

Овации за детето со хрватско знаме во Брисел

Франција е Светски првак во фудбал, ама срцата на неутралните навивачи ги освоија Хрватите. Тричлено семејство се прошета во центарот на Брисел, навивачки реквизит на Хрватска носи само детето, а мајката гордо го снима бидејќи сцената изгледа како да проаѓа Лука Модриќ.

Шлакнат славеник на денот

Широки Бриег е град во Босна и Херцеговина, овој навивач слави за Хрватска и трето, овој навивач е неарен, со зоља го славеше сребрениот медал на Хрватите.

Делириум во Торино, Кристијано Роналдо стигна во Јувентус

Со скандирање Cristiano portaci la Champions (Кристијано донеси ни ја Лига на шампиони), стотина тифози на „Старата дама“ го пречекаа најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Над 200 новинари се акредитирале за официјалната прес-конференција на Португалецот од 18:30 часот.

Во Франција избиле страшни нереди, десничарите ги криват мигрантите

Убавите слики од Париз и другите француски градови на кои видовме мултикултуралност и славење разлики, во еден момент ги избришаа насилни сцени, пљачкање продавници, бутици и кршење излози.

Луда прослава под Ајфеловата кула, Франција во транс

По 1998 година, Франција денес вторпат стана светски шампион откако во финалето со 4:2 убедливо ја совлада Хрватска. На улиците на француските градови излегле милиони луѓе, а најлудо е во Париз.

Навивачкото лудило за време на сите три гола

Англичаните експлодираа еднаш, а Хрватите два пати за време на полуфиналето. Нема поголема радост кај навивач од тоа кога неговите ќе дадат гол на Светско. Коефициентот дека ќе ти истурат пиво ако гледаш на плоштад е 1.20.

Депресија и насилство на улиците во Англија

Англиската фудбалска јавност половина век чекаше финале и титула на Светско првенство, а сега беа најблиску до тоа во последниве три децении. Според тоа што се случувало после вчерашното полуфинале, како да не можат да се помират со поразот.

Порака од англиска клиника пред полуфиналето со Хрватска

Најголемата клиника во Британија, Barts Health NHS Trust од Лондон вели дека не сака да им се случат настаните од четвртфиналето со Шведска.

Париз ликуваше за Франција во финале

Репрезентацијата на Франија ги победи Белгијците со 1:0 и се пласираше во финале на Светско првенство, првпат после 2006 година. Пред две години играа во финале на Европско но изгубија.

Најдоброто видео од шпанскиот фудбал го има Леганес

Во чест на 90-годишнината од основањето на Леганес, клубот снимил интересно видео во кое главна улога е еден стар дедо.

Само во банана држава обид за убиство се третира како насилство

По 10 дена борба за живот, почина 20 годишниот Никола Саздовски. Случајот има навивачки призвук. Жртвата е член на Комити, а убијците на Шверцери. Да се немало крај од овие говнарии на етничка основа. Од една расправија на Фејсбук, се дрзнаа живот на млад човек да одземат.

Автобусот на Бразил каменуван од гневни навивачи

Група бразилски хулигани го начекале на автопат автобусот на бразилската фудбалска репрезентација кој ги пренесувал играчите од аеродромот по слетувањето од Русија дома и го каменувале жестоко, револтирани од раната елиминација на Мундијалот.

Бар на приземје ли живее?

Го имаме навивачот за кој не само што не важи она „полека ќе ги разбудиш децата“, туку и не важи славење во полуфинале само со скокање и пиење. Веројатно он е следен ако освојат Светско.

Англичани ги сретнале руските хулигани од Марсеј и се частеле пиво

Неколку недели по почетокот на Светското првенство во Русија, многу луѓе се увериле дека во натписите на британските и американските медиуми за повторување на насилните сцени од страна на руските хулигани нема никаква вистина.

Чекај да видиш еден англиски паб после голот на Деле Али за 2-0

Во BoxparkCroydon паб во Лондон настана права лудница кога момците на Саутгејт зголемија на 2-0 против Шведска.

Хрватска гореше

Повторувањето на историскиот успех на СП од пред 20 години Хрватите го слават како никој. Нема град и плоштад на кој нема бакљада. Земјата е во вистински транс и што ли може да приредат повеќе од ова доколку момчињата на Далиќ направат чекор повеќе во Русија.

Еуфоријата во белгиските градови

Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.

Најтрогателната приказна на Мундијалот

Мексиканецот Гилберто кој до сега бил на пет Светски првенства, шестото го доживеа најтажно што може. Застана пред Бољшој театарот во Моксва за што сонуваше ќерка му, беше до Сант Петербург со воз како што сакаше жена му и доби потпишан дрес од Нејмар за син му.

Зошто на дресот на Франција има петел?

И покрај тоа што некои француски лидери не го сакале, сметајќи дека не е доволно маркантен за да биде национален симбол, петелот низ вековите ја сочувал својата гордост, и денес важи за препознатлив амблем на оваа земја и на нејзините „галски петли“.

Реакција на Англичани кои во авион дознаа дека победиле на пенали

Некои во земјата, некои во Русија на стадион, а некои на 30.000 метри горе, во авион на пат за Ибица. Стјуардесата и пилотот јавуваат што се случило во осминафиналето против Колумбија.

Песната на која англиските навивачи полудуваат и секаде ја грмат

После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат 

Претседателката на Хрватска гледа Светско од трибини со обичниот народ

Иако голем дел од владите на Европската унија решија да го бојкотираат Светското во Русија, највисоки претставници на некои земји како Шведска и Хрватска, отпатуваа во живо да го следат Мундијалот.

Зошто Јапонците собираат ѓубре зад себе на стадионите?

Откако видовме како играчите на Јапонија ја светнале својата соблекувална после болниот пораз од Белгија во судиското продолжение, и како Јапонците на трибините го чистат шутот на трибините, ни останува прашањето: каква ли е таа свест на највисоко ниво?