Навивачи

Навивач на Брондби останал заглавен во Глазгов, па другите навивачи му собрале пари да се врати дома

Минатиот четврток данскиот шампион Брондби гостуваше кај Ренџерс во Глазгов и изгуби 2-0 во рамки од групната фаза на Лига Европа. Еден 18-годишен навивач на данскиот клуб ќе го памти ова гостување по многу нешта.

За Македонецот кој се прослави на Олд Трафорд

„Кога Ерик Кантона постигна гол, начинот на кој го прослави и реакцијата која ја предизвика кај навивачите, беше доволна да си кажам тоа е тоа“.

Лацио го суспендираше дресерот на орли, најверојатно ќе го бркаат од работа

По сјајниот триумф на Лацио во големото римско дерби против Рома 3:2 на 26. септември, на теренот покрај играчите и тренерот Маурицио Сари, се прослави и соколарот во клубот, Шпанецот Хуан Бернабе. Но сега се соочува со отказ.

Македонски навивач експлодираше од радост на Олд Трафорд

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

Ама не скокајте сите наеднаш, ќе попушти трибината

Витезе го доби НЕЦ на гости со 0:1, победа која ја славеа заедно со играчите. Во еден момент имаше мал застој во славењето. Требаше да се избројат луѓето, дали се сите живи и здрави. Велат дека немало повредени.

Унгарци се степаа со полиција на Вембли во Лондон

Во Група И од квалификациите за Светско првенство 2022 синоќа имаше инциденти во Тирана и во Лондон. Албанските навивачи фрлаа се и сешто по полските фудбалери и направија прекин, а унгарските навивачи кои гостуваа во Англија, се степаа со полицијата.

Во Тирана имаше прекин, Левандовски и соиграчите торпедирани со шишиња

Полска имаше жешко гостување во Албанија во мундијалските квалификации, а во еден момент од второто полувреме, гостите од безбедносни причини се повлекоа во соблекувална и потоа се вратија за да го доиграат мечот.

Навивачи на Филаделфија Иглс со полиција ги вадеа од тоалет

Најслаткиот чин одлучуваат да го прават во машкиот тоалет на стадион за време на натпревар од НЛФ. Ама некој ги пријавил во полиција и им го расипува ќеифот. Полицијата е трпелива, а публиката ги чека со сеир.

Некој им светеше на Германците со ласер, ФФМ го чека казна

Најпознатиот германски медиум Bild пишува дека во Скопје бил исвиркан почетокот на германската химна и дека на репрезентативците на Германија неколку пати им било светено во лице и очи со ласер.

Спектаклот на „Дербито на близнаците“ и најоригинална кореографија со детето како ултрас

Додека викендов фокусот беше ставен на пресметки како Ливерпул - Манчестер Сити и Атлетико Мадрид - Барселона, на Скандинавија се играше дербито со најголемо ривалство, кое трае точно 130 години. Домаќините блеснаа со кореографија за кавер.

Хаосот на мечот Марсеј - Галатасарај

На теренот во 2. коло од Лига Европа Марсеј и Галатасарај одиграа само 0-0, ама на трибините беше пеколно. Францускиот клуб допуштил влез на преку 5.000 турски навивачи кои биле сместени до најжестоката трибина со навивачи на Олимпик Марсеј.

Навивачите на Легија се доктори за кореографија

Кога Легија Варшава игра натпревар на домашен терен во Европа, тогаш се знае дека мечот почнува со спектакл на трибините уште пред судијата да означи почеток.

Чиста 10-ка за тифото на навивачите на Ајакс

Фудбалската лекција на терен синоќа ја предаваше Шериф Тирасол од Молдавија, а од трибини навивачите на Ајакс кои добро што не ја срушија Јохан Кројф арената која крцаше со 53.000 публика. Многу моќно.

Навивачка на Интер за која годините се само бројка

Одлуката за оваа сезона да се игра со навивачи, некаде лимитирано, на други места со целосен капацитет, не е радост само за ултрасите. 84 годишната Џанкарла не пропушта меч на Меаца од пред времето на Дарко Панчев.

Што тоа се случува по француските стадиони?

Навивачите на Ница на почеток на сезоната на 22 август скокнаа на терен и се пресметуваа со играчите и стручниот штаб на Марсеј, а тој упад како да покрена лавина слични епизоди на неколку стадиони. Синоќа хулиганите на Марсеј влегоа на терен и тргнаа кон навивачите на Анже.

По долго време Комити згрмија во Јане Сандански

Вујо ги повика и им рече дека Вардар не е Вардар без нив, а тие дојдоа за да го вратат стариот сјај во сала и да им дадат поддршка на своите јунаци кои со 33:27 го совладаа Мешков Брест во ЛШ. Одма е по друго со навивачи.

Необичната приказна за најверниот навивач во Англија кој доби споменик на трибина

Да се биде меѓу најверните навивачи во земјата во која е основан фудбалот и кој се сака безвременски значи навистина да сте направиле некој животен подвиг.

Грандиозна прослава на 100 години ФК Железничар во Сараево

Во главниот град на Босна и Херцеговина минатиот викенд имаше неверојатна прослава на навивачите на фудбалскиот клуб Жељезничар кој наполни 100 години од основањето.

110.000 гледачи и сите облечени во бело - неверојатна традиција во Пенсилванија

Ова што се случува на одредени натпревари на еден универзитетски тим во американски фудбал е стварно необјаснив феномен.

Брутален хулигански напад на белградското дерби

165-та пресметка меѓу вечните ривали Црвена Звезда и Партизан. На стадион заврши 1:1, а на улица беше крваво со тепање, бркотници и нечовечност. Напад со факел директ в лице. Прв пат гледаме ваква грозотија.

Тепачки во Белград, Загреб и Лестер

Многу работа и се отвори синоќа на полицијата. Во два градови каде се играа натпревари од Лига Европа и на пријателски кошаркарски меч. Има повредени, уапсени и по некои кои се млатеа меѓу себе за превласт на трибина.

„You'll Never Walk Alone“ на Енфилд за прв пат по 554 дена

Излишно е повеќе да се прават споредби за тоа каков беше фудбалот без навивачи и сега, посебно после ваков клип. 15 септември, 2021-ва, Ливерпул - Милан 3:2. Уживајте.

Со балон е побезбедно за патување, корона ќе фатиме во воз

ЦСКА Москва викендов му гостуваше на Арсенал од Тула во 7. коло од рускиот шампионат. Мечот заврши 2:2, а гостинските навивачи се надминаа себе си со идејата како да одат на гостување. Од Москва до Тула има околу 190 км пат.