Најискрен коментатор со спектакл од аргентински фудбал
Дефинитивно никаде на свет нема таква страст за фудбал како во Аргентина. Пазете, градско дерби меѓу Белграно и Институто, два второлигашки клуба од градот Кордоба. Коментаторот тргнува со најава на мечот и во еден момент вика: „Во времиња како овие, коментаторот треба да замолчи. Уживајте во неверојатната атмосфера“.
Што се однесува до средбата, Белграно победи со 1-0 со голот на Алехандро Ребола во 32' минута. Гостите играле со црвен картон од 76-та минута по исклучувањето на Роберто Боки.