Јапонците направија голема сензација откако после пресврт со 1-2 ја победија Германија. Во главниот град на земјата лудило од радости и еден интересен момент. Стотици пешаци чекаат да се вклучи зелено светло па се гушкаат на пешачки и познати и непознати. Трепка за црвено, се повлекуваат назад.
Најверните навивачи на црвено црниот тим, приредија ноќ за паметење на Градски. Вардар го совлада Железничар од Сараево со 2:0, а двата големи јубилеи, 75 години Вардар и 35 Комити беа одбележани со голем навивачки спектакл.
На илјадници Австралијци, претежно млади, не им сметало што поради различните временски зони, морале да станат во рани зори за да на еден од плоштадите во Мелбурн го гледаат мечот Австралија - Франција. Најхрабрите дури и пивнале некое пиво на гладно а после 10’ минути игра голема радост за голот и водството на „кенгурите“. Не издржаа сепак до крајот и светскиот првак ги испраши 4-1.
Има забава во Катар, ај ти. Особено ако сте навивач на Саудиска Арабија, па и репортер од Јапонија, чие известување се претвори во арапско шоу. А и него некако му легна друштвото.
Гиљермо Очоа важи за легенда на Мексико и еден од малкумината во историјата на фудбалот со учество на пет Мундијали. 37 годишниот голман на мексиканскиот клуб Клуб Америка кој има 132 настапи за репрезентација, синоќа му фати пенал на Левандовски за Мексико - Полска конечни 0:0. Погледнете ја радоста на децава.
Саудиска Арабија ја победи Аргентина во првото коло на Светско и ѝ го нанесе првиот пораз после 36 средби. Навивачите имаат потполно право да слават после овој сензационален резултат кој го остварија со пресврт.
Во Катар и не е така тешко да стигнеш до алкохол, само треба да налеташ на правите луѓе. Англичани запознале син на локален шеик кој ги однел во палатата на дружење и пиење. Се воодушевиле од целиот третмат, а им покажале и лавови, мајмуни и егзотични птици.
На отворањето играа Катар и Еквадор. Многумина го напуштија стадионот, ама малкумина останаа за да си го запазат редот, а тоа се јапонските навивачи, кои каде и да одат се познати по своето педантно чистење на трибините.
Хрватскиот музички пазар отсекогаш важел за конзервативен, не може таму секоја шуша што ќе му текне да излезе на јавна сцена. Како производ на тоа се и навивачките химни. Додека во Србија снимаше кој и што ќе му текне за Светското, во Хрватска таа улога ја имаа момците од Zaprešić Boys кои развалуваат пред секое Европско и Светско.
Еквадор испиша историја и стана прва селекција која успеала да слави над домаќинот на отворањето на Светско. Еквадорски навивач провоцираше на трибина домашен навивач, веројатно кажувајќи му дека победа со пари не се купува.
Светскиот вицешампион ќе има поддршка во Катар од своите верни навивачи. Група на Хрвати облечени како арапи, пееја песни и беа атракција во центарот на Доха. Хрватска првиот меч го игра против Мароко, во среда со почеток од 11 часот.
После многу нагаѓања дали смее или не смее да се пие, каде е дозволено, каде „ќе те апсат и носат во затвор“, најдобар опис на настаните од терен, во Катар, има главниот репортер на британски Скај Спортс, Кавех Солекол.
Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.
Следната недела, на 23. ноември (среда) со почеток од 19:30 часот на „Тоше Проески Арена“ во Скопје, „црвено-црните“ ќе прослават 75 години од основање на ФК Вардар и 35 години од основање на навивачката група Комити. По повод големите јубилеи, Комити спремаат голем спектакл на пријателската со ФК Жељезничар од Сараево.
Лајпциг останува најомразен германски клуб поради концептот кој се коси со она што е германска пракса, а тоа е клубовите да бидат на навивачите, а не на богаташите. На навивачите на Фрајбург не им се трошеше време во Лајпциг зад кој веќе неколку години стои моќната компанија Ред Бул, па се решија да му дадат поддршка на вториот тим во трета лига. Интересно "Scheiss Red Bull" (срање Ред Бул) им скандираа заедно со навивачите на Минхен 1860.
Дербито меѓу Шкупи и Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија имаше голем прекин уште во 8’ минута. Гостите поведоа преку репрезентативецот Дашмир Елези. Во моментот додека Тетовчани го прославуваа голот, домашните навивачи влегоа во терен и ги нападнаа со разни предмети и каменици.
Фудбалската сезона во Шведска заврши а изненадно и неочекувано шампион стана Хакен кој убедливо ја освои титулата со 64 бода. Хамарби заврши трет и следна сезона ќе игра во Лига Конференции. Од таа причина навивачите на досетлив начин преку пароли учеа како на странски јазик да нарачаат пиво кога ќе одат во друга земја.
Шведски Дјургарден одигра фантастично во Лига на Конференции и оствари пет победи со едно реми. Со вкупно 16 бода во првата историска евро сезона за нив се пласираа во нокаут фазата. Синоќа во последното коло го победија Шамрок 1:0, а после мечот мегафонот го зеде 24-годишниот голман Јакоб Видел Зитерструм.
Со голот на Киран Тирни во 17’ минута Арсенал минимално го совлада Цирих и како прв на табела во Лига Европа оди во следна фаза. На стадионот „Емирати“ гостинските навивачи од Цирих запалија еден куп пиротехника а на домашните им остана само да ги снимаат зошто ретко гледаат таков амбиент.
И покрај забраните во самите држави внатре и од УЕФА, речиси сите навивачки групи во Европа сезонава се растурија од палење пиротехника која што е раскошен дел од секој фудбалски меч. Така синоќа во Копенхаген на мечот меѓу домаќинот и германска Борусија Дортмунд, секторот со најжестоки навивачи на данскиот тим распалија еден куп бакљи, светлечки ракети, огномет, чуда.
На Динамо Загреб му тргна добро во ЛШ, не добро, одлично, бидејќи во прво коло направија сензација на Максимир против Челси. Но во група со Челси, Милан и Салцбург, толку беа силите. Завршуваат последни со 4 бода и можат да се пофалат со екстра верни навивачи кои отпатуваа цела војска во Лондон. Не ги пуштија играчите да одат во соблекувална.