Навивачи

Хрвати на кран се качија да слават

Хрватите се во транс откако на пенали ја елиминираа селекцијата која според многумина беше фаворит број 1 за светскиот трон. Најуникатната прослава ни доаѓа од Загреб. Ни пишаа дека ова не било кран, туку пумпа за бетон. Сеедно.

Како Митрогол беше пречекан на дербито Ѕвезда - Партизан?

Црвена Ѕвезда и Партизан синоќа за прв пат имаа соочување во Евролигата кое го добија црвено белите. За Александар Митровиќ кој е навивач на Партизан, имаше спектакуларен пречек во комбинација со хитот „Mitro’s on fire“. Цела сала грмеше.

Шпанците креваа знаме во ексклава Мелила, ама Мароканците вечерта славеа

Мелила е мало место во Мароко кое е фактички шпанска ексклава, односно шпански град. Тука се наоѓа најозборуваната граница односно најфреквентното место на кое мигранти од Африка пробуваат на секаков начин да стигнат до европско тло.

Лудило во Мароко, сè живо слави по улици

Селекцијата на Мароко е единствена која оствари сензациски резултат во нокаут фазата на СП, сите други фаворити поминаа. За нив ова е шесто учество на Мундијалите и прв историски пласман во четвртфинале каде ќе се сретнат со Португалија. Победата над поранешниот светски првак се славеше на големо и тоа не само во Мароко, туку насекаде каде што живеат Мароканци.

Како се славела победата на Копакабана?

Во понеделникот вечер Бразил со 4-1 ја испраши Јужна Кореја и во еуфорија оди во четвртфинале на Хрватска. Головите на Нејмар, Винисиус, Ришарлисон и Пакета биле славени и пред видео-бимовите на Копакабана, срцето на кариоките.

Не за џабе рекле и будалиот бега од пијаниот

Репортер од израелски телевизиски канал, како и неговите колеги од сите страни од светот, културно и уредно пред стадион прави репортажа со случајни минувачи. Начекал англиски навивачи и најфино ги прашува: „Доаѓа ли дома“? како алузија на песната дека фудбалот (пехарот) се враќа дома во Англија. Ама тие во еден момент му урлаат во микрофон: „Слобода за Палестина“ па кутриот не знаеше што да прави.

Културен навивачки аргентински рецепт против нервозен Австралиец

Водиш 2:0, ги елиминираш од Светско, навиваш, не се закачаш и уште толку го дотепуваш.

Мали закачки меѓу Германци и Арапи поради слики на Озил

Германија во четвртокот испадна од Светско првенство втор пат по ред во групна фаза. Стотината најверни навивачи на „Маншафт“ кои не го бојкотираа Светското и допатуваа во Катар, ќе се покаат за тоа. Прво што нивните репрезентативци играа слабо, второ што на крајот присутни Арапи ги провоцираа со фотографии од некогашниот германски репрезентативец Месут Озил.

Со право му влезе, Пољаците не заслужуваат да одат понатаму

Мексико синоќа ја совлада Саудиска Арабија, ама не оди во осминафинале поради подобрата гол разлика на Полска, која тиња фудбал играше против Аргентина, цели 90 минути. Мексиканецов има потполно право да биде во вакво расположение.

Арапска цензура на мексикански начин

Во Катар станува сè позабавно и не можеш да познаеш кој е кој.

Колоритни убавини има на Светското во Катар

Меѓу бројните видеа од далечниот Катар, две-три деновиве го освоија интернетот. Едно е како навивач на Мароко доаѓа кај симпатичните и колоритни навивачи на Сенегал и игра традиционални танци со нив. А друго видео е приказна за себе.

Да го чуеме знаењето на Индијци и Непалци кои навиваат за Хрватска

„Не ги знаеме играчите, туку само навиваме за Хрватска“ е од прилика богатата анкета со „навивачите“ на Хрватска.

Навивачко мундијалско шоу со Арапи и Бразилци

Секој со своето. Браво цареви, добра забава е ова. Возете си го филмот, Светско е.

Во меѓувреме одиме до турскиот фудбал

Во втората турска лига на мечот меѓу Ѓезтепе и Алтај, главниот судија и делегатот решиле да го прекинат натпреварот после серија големи инциденти. Во еден момент домашен навивач упадна на терен и со корнер знаменце со сета сила го удираше гостинскиот голман. А во текот на дуелот од гостинската трибина полетала ракета кон домашната трибина каде тешко биле повредени две деца и еден возрасен човек кој бил во критична состојба.

Реакција на арапски коментатор кога ја виде најјаката хрватска навивачка

Популарната Ивана Кнол врзува три Мундијали по ред и со секое појавување на трибина и им ја полни меморијата на телефоните на сите што се околу неа.

Хрватите го развиорија најдолгото знаме на Светско

Најголемото знаме во Катар го имаат Хрватите. Тие го веат уште од Европското 2004 во Португалија, преку Светските првенства во Германија, Јужна Африка, Бразил и Русија. Сега е во Доха. Го носат дечки од хрватското градче Цриквеница. Долго е 200 метри и тешко околу 100 килограми.

Која е убавицата што стоеше до селекторот на Саудиска Арабија?

На Твитер веќе неколку дена главно прашање на тема девојки во Катар е: Која е девојката која го разубави мечот меѓу Аргентина и Саудиска Арабија? 

Му се плачеше или сакаше да го видат дека плаче?

Јако е да си ја гледаш земјата на Светско. Убаво е ако можеш да си дозволиш да ја бодриш на лице место. Емотивно е кога ќе ја чуеш химната. Ама за овој на Велс - Иран не ни е јасно баш.

Навивачот на Холандија кој со лажни цицки влегол на стадион

На едно вакво масовно првенство со 32 земји учеснички, не може да нема будалаштини. Една таква е забележана на мечот Холандија - Еквадор.

Бидна и првиот навивачки инцидент, Аргентинци VS Мексиканци

Не издржа врелата латинска крв без да направи закачка. На колоритните улици во Катар пресметка имале навивачи на Мексико и Аргентина.

Како Мексиканец се обиде да внесе алкохол на стадион

Идејата е врвна и не веруваме дека на некој до сега му текнало да ја примени, ама џандарот му одигра кец у два.

Педантните Јапонци ги направиле аптека соблекувалната и трибините

Иако веќе е нашироко апсолвирана тема, ова што го прават Јапонците одново и одново на секој турнир е стварно чудо. После историски, најголем триумф против една Германија на Светско првенство, во нивната соблекувална како во аптека. И на трибини исто. Победа е победа, прослава е прослава, ама на крај до последен пикавец собран.

Мексиканците си најдоа интересна занимација во Катар

Додека чекаат да дојде следен меч за гледање, Мексиканците се занимаваат со катарската полиција на коњица која набљудува дали е сè во ред.