Навивачи

Најјакиот тајм аут на навивач на Оклахома

Цела сала гледа во тебе, а ти си навивач кој дошол да гледа баскет и да ужива. Плус имаш притисок вреден 20.000 долари. Не оди ова така лесно. Од пола терен е шутот.

Како курдски тим бил пречекан во турска Бурса?

Во неделата, на стадионот Бурса Тимса Арена, Бурсаспор пред повеќе од 40.000 гледачи го пречекал третопласираниот тим во трета лига, Амед СК. Пред, за време и после мечот гостите кои се претставници на курдската заедница од градот Дијарбакир, едвај спасиле глава. На крај Бурсаспор победил 2-1, а Амед има исто бодови со вториот на табела, на место кое диектно води во втора лига.

Господски потег на навивачите на ПСВ за нападнаниот голман на Севиља

Српскиот голман Марко Дмитровиќ се соочи со непријатна сцена на гостувањето против ПСВ во Лига Европа откако беше нападнат од навивач. Но се снајде и брзо го реши. Навивачите на ПСВ решиле да си го обелат образот и да си го сочуваат угледот. Купиле цвеќе и отпатувале дури до Шпанија за да му се извинат. Каков гест.

Во чест на навивач во Италија кој поминал 900 км и сам го бодрел клубот

Сцени на голема љубов кон клубот ретко се гледаат. Особено како онаа од синоќа од градот Беневенто каде еден гостински навивач пропатувал неверојатно долг пат само за да го го гледа својот клуб кој на крај му подари победа и дресови.

Море враќајте се назад, пенали ќе има

Јаки сцени доаѓаат од Марсеј, каде синоќа се случи големо изненадување. Олимпик кој силно се бори за титула во француската Лига 1 со ПСЖ, синоќа изгуби дома од второлигашот Анеси на пенали и испадна од францускиот Куп. Анеси е десетто пласиран во втората Лига 2, а синоќа водеа 1-2, па Марсеј израмни со гол во 90+7’ минута во длабоко судиско продолжение и обезбеди продолженија.

Гробари шупаци

Ако тие можат бесрамно и бедно да пењават две години по ред со националистички навреди, наместо да уживаат во ракометната игра, тогаш ние немаме намера да бидеме фини против вакви искомплексирани провокатори. Ако некој припаѓа на таа трибина, а нешто не му е јасно во текстов, нека го прочита пак насловот.

Прекрасна акција на Бешикташ, илјадници мечиња за децата погодени во земјотресите

Животот во Турција полека се нормализира по страшните и разорни земјотреси кои во реонот меѓу Турција и Сирија однесоа според извештаите речиси 50.000 жртви. Се врати и спортот, па продолжи и турската Суперлига која неколку недели беше во прекин.

Врвна досетка меѓу навивачите на Нотингем Форест и Манчестер Сити

Во саботата да ти имало прејако скандирање кое мора да го чуете, меѓу навивачите на Нотингем, инаку европски прваци 1979 и 1980 и навивачите на Сити кои никако да освојат ЛШ. Значи можело без мајки, шајки. Завршниот удар го задаваат домаќините кои им го спуштија на крај.

Млатење во гостински сектор, Наполитанци vs Наполитанци

Се случува во многу земји, исто и кај нас и на фудбал и на ракомет. Знае тоа да биде поради превласт на трибина или поради многу алкохол, па потоа го имаш она „Што ме гледаш на криво?“ Наполи синоќа ја освои тешката тврдина во Франкфурт, ама нивните навивачи имаа некакво незадоволство или па можеби нерасчистени сметки меѓу себе.

Комбинација на денот е химната на ЛШ и шоуто на навивачите на Ајнтрахт

Ултрасите на Ајнтрахт Франкфурт го откажале кортеото пред мечот со Наполи, со образложение дека добиле ограничувања наметнати од пожарна и полиција. Да им ја видиме алтернативата.

Е лесно е на 2:5 да им правиш салтанати

Ливерпул тргна силно и после 14 минути му даде два гола на Реал Мадрид. Во тие моменти никој не претпоставуваше што му се случи на домашниот тим. Реал прво израмни до крајот на првиот дел на 2-2 со головите на Винисиус, а до крајот ги згромија црвените со страшни 2:5. Навивачите на Реал Мадрид со овации ги испратија домашните навивачи и за тоа добија пофалби ширум Европа. Прашање е дали би скандирале Ливерпул да не победеа.

Сторијата за таткото и неговиот слеп син кој не пропушта меч на Интер

Фудбалот има посебна моќ. Страст која создава неверојатни врски, како онаа меѓу Матео и Клаудио.

Стара финта, нова будала

Веќе стана редовна појава, пред некој важен меч, домашни навивачи да се прикрадат до хотелот на гостинскиот тим и да ги будат среде ноќ со бурен огномет и петарди. Така синоќа во 2 после полноќ навивачите на Ливерпул палеле огномет пред хотелот Innside каде престојува Реал Мадрид пред нивната прва средба од 1/8 финалето на Лига на шампиони.

Наш човек во Милано

Покрај Milan fans Macedonia, за осминафиналето од Лига на шампиони Милан - Тотенхем, на Сан Сиро бил и Јове (на Твитер JBurgundi). Направил симпатична репортажа од мечот, градот и сè што попат му паднало во око. Добро е да ја погледнете. 

Кучето Протео, јунак кој спаси неколку лица од земјотресот - се појави на големата кореографија на Трабзон

Мечот Трабзонспор - Базел во рамки од Лига Конференции помина многу емотивно за сите кои го следеа и во живо и на телевизија. Навивачите на домашниот тим кој стана прв турски состав кој заигра фудбал по разорните катастрофални земјотреси, направија многу емотивна кореографија.

Кој носи капа, та-ра-ра-ра-ра

Повеќе од две илјади навивачи на Манчестер Јунајтед допатувале во Барселона за да го бодрат својот тим на „Камп Ноу“. Видоа фантастичен меч, два гола и одличен резултат (2:2) пред реваншот на „Олд Трафорд“. Како што обично бива, на крајот дофрлања меѓу навивачите на двата тима, ама еден англиски навивач остана без капа.

„Секогаш ќе бидеме заедно и ќе си ги лечиме раните“

Трабзонспор е првиот турски клуб кој одигра фудбалски натпревар после катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе. Кореографијата и обединувањето го засенија мечот.

Фасцинантна и многу моќна кореографија на навивачите на Борусија Дортмунд

Кога навивачите на Борусија Дортмунд ќе извадат кореографија, тоа е секогаш спектакуларно и уникатно. Блеснаа против Челси, а потоа ја загрмија „You will never walk alone“. Клип од прекрасната атмосфера на Сигнал Идуна Парк си направи и газдата на Челси, Американецот Тод Боли.

Задолжителнa посета за секој фудбалски фанатик пред да умре

Го видовте ли домот на Ривер Плејт и селекцијата на Аргентина откако е реновиран? Ќе те маѓепса без разлика за кој клуб навиваш. Колку моќни трибини се ова. Славниот Ел Монументал во Буенос Аирес стана најголем стадион во Јужна Америка со рекордни 83.196 навивачи.

Млад навивач на Фенербахче спасен после 119 часа под урнатини

Во Турција и натаму трае извлекувањето живи луѓе под урнатините, дури и една недела по страшните земјотреси кои го погодија истокот на оваа земја. Феномени и чуда има многу, спасени се неколку бебиња и мали деца, а меѓу последните вести е и таа за еден млад навивач на Фенербахче. 16-годишниот Ќамил Чан Агдаш во дрес на својот омилен клуб

10 годишен навивач на Наполи го истрола јако водителот на Сан Ремо кој навива за Интер

Во Италија не е чудно што за фудбал се зборува и на најпознатиот фестивал за музика. Чудно е што искусниот Амадеус наседна многу наивно со детево.

Навивачка досетка од Лидс до полицијата

Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед одиграа фантастичен дуел со дури 4 гола. Гостите кој од пред неколку дена сменија тренер, водеа убедливо со 0-2, но домаќинот се врати и успеа да земе бод. Пар илјади навивачи на Лидс кои важат за едни од најнезгодните на Островот, после мечот додека полицијата ги држела на трибините додека не заминат сите други присутни, смислиле песна.

Навивачка изведба на „О соле мио“

Клубот Савоја од Торе Анунциата, предградие на Неапол, има многу симпатична поддршка. Навивачите на последниот меч на нивниот клуб ја испеале и познатата наполитанска песна „О соле мио“ (Сонце мое) која е напишана во далечната 1898-ма година од Џовани Капуро. Музиката ја напишал Едуардо ди Капуа во истата година при престој во Одеса.

Импресивна кореографија за Михајловиќ на Маракана по кој ќе биде крстена ВИП трибината

Црвена Звезда викендов ја пречека Војводина. Тоа се два клуба за кои настапуваше Синиша откако ја почна кариерата во Борово. Совршен повод да го извадат на виделина тоа што го спремале за легендата. Огромен мозаик во чест на Синиша Михајловиќ кој замина на 16 декември.