Навивачи

Импресивна кореографија за Михајловиќ на Маракана по кој ќе биде крстена ВИП трибината

Црвена Звезда викендов ја пречека Војводина. Тоа се два клуба за кои настапуваше Синиша откако ја почна кариерата во Борово. Совршен повод да го извадат на виделина тоа што го спремале за легендата. Огромен мозаик во чест на Синиша Михајловиќ кој замина на 16 декември.

Досетлива парола поврзана со Шакира на миланското дерби

Меѓу навивачите на Милан и Интер неколку години веќе владее неформален договор за ненапаѓање, речиси никогаш меѓу нив нема физички пресметки што не е случај со другите навивачки групи во Италија. Но на трибини кога се игра дербито има раскошен репертоар на песни, пароли, зафрканции.

Делириум пред колата на газда Аурелио како Наполи да е веќе шампион

Тешко се опишува со зборови страста на Наполитанците за фудбал. Треба Пандев и Елмас да го објаснат тоа. По триумфот над Рома се наоѓаат на +13 пред вториот, идеална разлика за долгиот 33 годишен сон да им се претвори во реалност.

Се враќа стоење на трибини во Англија после 35 години

Величествениот стадион „Вембли“ може да прими 90.000 гледачи, а англиските фудбалски власти решија за големото финале на Лига Купот меѓу Њукасл и Манчестер Јунајтед да има одреден број места зад головите каде навивачите ќе може да стојат, како некогаш во старите добри времиња.

Одговор вреден 40.000 лајкови

Унион Берлин е најпријатно изненадување во германска Бундеслига. Клубот кој до пред неколку години дремеше во трета и втора лига, сега активно се бори за титулата со Баерн Минхен. Зимава требаше да го потпишат Шпанецот Иско но трансферот во последен момент пропаднал. Поради ова, на Твитер, админот на омразениот „вештачки“ клуб како што Ред Бул Лапјциг го викаат во Германија со доза иронија пишал кај Унион Берлин: „Иско“?

Пречек во Копенхаген за данските херои

Ракометарите на Данска постигнаа хет-трик во освојување Светски титули (2019, 2021, 2023), подвиг кој не му успеал на никој во историјата. Ако некој треба да слави на плоштад, тоа се тие.

Навивачите на Лион пред време излегле од стадион, да не им избега последниот траект

Фудбалерите на Лион играат топло-ладно сезонава. Синоќа во 20. коло од француската Лига1 славеа 0-2 на гости кај Ајачио на Корзика. Интересен момент имаше во вториот дел. Навивачите само што го прославиле вториот гол за Лион кој го даде капитенот Александар Лаказет во 71’ минута, после само две минути морале да заминат од стадионот за да го фатат последниот траект кој вози од Корзика назад, за во понеделник да бидат на работа.

Епа Берлускони ако си стои на зборот

На една свечена вечера на екипата на Монца, претседателот на овој клуб кој за првпат во својата сто и десет годишна историја влезе во Серија А, Силвио Берлускони ладно во говорот им рекол: „Ако победите некоја голема екипа како Јуве или Милан, ќе ви донесам автобус полн проститутки“.

Навивач кој плаче за доживотна забрана на стадион зад гол

Уствари зошто само зад гол, кога не знаеш што може да ти направи ако седне до тебе и ти понуди пиво. Не го примајте никаде.

Забранет влез за мажи, па жени наполнија стадион во Бразил и направија шоу

Во Бразил минатата сезона имаше сериозни хулигански нереди меѓу навивачки групи, па властите морале да превземат поостри мерки за да спречат насилство. Поради една масовна тепачка предизвикана од навивачите, клубот Атлетико Параненсе бил казнет со забрана за влез на мажи на стадионот.

Навивачите на Манчестер Јунајтед го урнаа рекламното пано

Иако се очекуваше неизвесно полуфинале на англискиот Лига Куп, Манчестер Јунајтед лесно и глатко со 0-3 го растури Нотингем Форест на гости. На стадионот во Нотингем имаше пар илјади гостински навивачи кои при една прослава на гол го срушија рекламното пано пред нив.

Во духот на пријателската, да се гаѓаме со снег

Спарта Прага и Нирнберг искористија пауза во нивните првенства за да одиграат пријателски меч во главниот град на Чешка. Таму допатувале и педесетина германски навивачи кои се забавуваа со домашните со снег. Во еден момент еден навивач на Нирнберг реши да им донесе повеќе снег на другарите.

Македонско знаме во Мелбурн на мечот на Ѓоковиќ, ама и на Циципас

Сегде нè има, па и на Австралија опен. Игра во полуфиналето Новак Ѓоковиќ против Андреј Рубљов, се појавува Македонец. Еден ден претходно Гркот Стефанос Циципас се среќава со Јири Лехечка, и таму се појавува Македонец.

Најпатриотското македонско катче во Сиднеј

Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.

Најубавата страна за нас на ова Светско

Ниту гледаат километража, ниту прогноза за времето. Јануари за нив е ракометен празник на кој се патува каде и да игра Македонија.

Навивачите па се срчнаа меѓу себе на трибини

СП 2023 во Полска и Шведска нека биде за заборав. Ракометарите доживеаа дебакл на сите три меча, а на срамот им се приклучија и неколку навивачи.

Навивачкиот музеј на Кипре кој живее за македонската репрезентација

Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.

Германецот Бени и е верен на Македонија и во Краков

Дечкото бил на 116 фудбалски натпревари на Германија, но повеќе не ја бодри. Шетан е во 67 земји и се заљубува во Македонија и нашите навивачи, ги учи песните и редовно оди на гостувања. Почна со  фудбалски, а од лани го има и на ракометни. Каков лик.

Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

Арсенал со 0-2 го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби и се одлепи на огромни +8 пред Манчестер Сити на табелата. „Топџиите“ остварија голема победа над омразениот ривал кој не можеше да се помири со поразот на крај па еден навивач го клоцна голманот на Арсенал Рамсдејл кој ја доби наградата за играч не мечот откако бранеше совршено.

Доминација на македонските навивачи во Краков

Нема ракометно првенство во јануари кое може да помине без верната македонска публика, која секогаш е во фокусот на камерите и фоторепортерите. „Таурон Арената“ крцаше со нив, а за атмосфера која ја прават пишуваше и организаторот Полска, кој ја нарече фантастична.

Жестокиот судир на автопат меѓу хулигани на Рома и Наполи

Пред мечот Сампдорија - Наполи на кој Елиф Елмас постигна гол од пенал за 0-2, навивачи на Рома и Наполи, се судриле на познатиот автопат во Италија, А1 близу градот Арецо. Тифозите на Рома дента со комбиња и автобуси патувале за Милано за меч со Милан (2:2), а навивачите на Наполи оделе за Џенова каде нивниот тим играше против Сампдорија.

Мароко, празно место па сите останати

Сафи или на арапски Асфи е град во западен Мароко на самиот Атлантски океан. Има околу 308.000 жители. Овој град е центар на рибна индустрија во Мароко. Од овој град е фудбалскиот клуб Олимпик Сафи кој во моментов е на 4. место во мароканската лига Про 1. На гостувањето кај Хасаниа Агадир навивачите на Олимпик Сафи направиле прекрасна кореографија и бакљада.