Навивачи

Парма во бараж за Серија А, Фаустино Асприља водеше навивање

На две кола пред крајот на италијанската втора лига Серија Б, Парма е на 6-то место и теоретски обезбеди учество во баражот за пласман во Серија А. Парма со 2-0 ја победи Бреша на култниот „Енио Тардини“ каде на навивачката трибина бил и легендарниот Фаустино Асприља кој повел и навивање. Колумбиецот бил гостин по повод прекрасниот јубилеј од првиот освоен трофеј на Парма.

А сте виделе прослава на титула со брод на суво?

Ова ќе трае со денови и кој знае уште што сè би виделе ако им текне да пуштат едно 100 дронови низ улиците на Неапол.

Како Наполитанец го губи разумот кога во прашање е Скудето

Еден загинат и околу 200 повредени е досегашниот биланс од славјето на навивачите на Наполи. Наполитанци се тоа и во такви моменти го губат паметот. Погледнете го што работи овој со детето.

Во дрес на Јувентус отишол на сред прослава во Неапол

Млад Италијанец, познат по својот Јутјуб канал PirlasV лани отишол на прослава на титула на Милан среде Дуомо со дрес од Интер. Сега отишол во епицентарот на Наполи каде славело скудето во дрес Јувентус со број 9 на Влаховиќ. Присутните имале разбирање веројатно сфатиле дека е некој шоумен, јутјубер што год. На крај се гушка со тие околу него и поентира дека фудбалот е спорт, забава и дека Наполитанците не се такви какви што ги претставуваат насекаде.

Спектакуларно видео од Неапол, ко да е кинеска Нова година

Градот од Југот на Италија славеше шампионска титула долго во ноќта. Илјадници млади, стари, мажи, жени излегоа на градските улици да го слават скудетото кое го сонуваа од далечната 1990-та година. Денес излегуваат мераклиски видеа од пиротехничките спектакли.

Навивачите на ПСЖ излегоа на протести и удрија жестоко против Меси

Прво им сметаше Мбапе бидејќи наводно бил во преговори со Реал па го свиреа на стадион, сега им се сипаа и на Меси и Нејмар и тоа со погрдни зборови, мислиш направиле трансфери во најомразениот ривал.

Преку 20.000 луѓе му свртеа грб на Реал во знак на протест

Партизан и Реал Мадрид одиграа уште еден натпревар за паметење. Гостите успеаа да го преживеат гротлото на белградска Арена и да слават минимална победа 80-82. „Кралскиот клуб“ намали на 2-1 во серијата, а пред натпреварот додека спикерот ги читаше имињата на играчите на Реал, преку 20.000 луѓе во Арена им свртеа грб во знак на протест за тоа што го направија на вториот дуел.

Купи маица и помогни му на Вардар

Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.

Спектакуларна инаугурација на новиот постер со Марадона во Неапол

Наполитанците имаат чудесна страст за фудбал и само нивната веројатно може во некој поглед да се спореди со онаа на Аргентинците. Додека бандата на Спалети им ја крчка титулата, тие вадат нов постер со Марадона и од тоа прават шоу, веројатно како потсетување на нивната најголема легенда која им ги донесе досегашните две Скудета.

Гробари „го погребаа“ Јабуселе како професионален борач

Серхио Љуљ го направи клучниот потег по кој избувна групната тепачка во Мадрид, ама Гершон Јабуселе беше безобразно груб и насилен, до таа мера што на Данте Егзум му ја заврши сезоната. Навивачите на Партизан одговорија брутално.

Страшниот хук на Маракана

На култниот стадион, најпознат на светот, Маракана во Рио де Жанеиро сезониве игра Флуминенсе, еден од потрофејните клубови од Бразил. Кога даваат гол, бучавата го дрма градот.

Вреди човек еднаш во живот да го доживее „Монументал“

Ривер растура во аргентинската Примера дивизион и после 13 кола е лидер со 33 освоени бода (11 победи, 2 порази). Синоќа во големото дерби против Индепендиенте славеа 2-0. А атмосферата на трибините и натаму е спектакуларна, особено сега пред проширен и реновиран „Монументал“ каде крца секој натпревар.

Навивачите на Олимпијакос сакаа да го линчуваат судијата Давиде Маса

Најтрофејниот грчки клуб и долгогодишен хегемон Олимпијакос, сезонава најверојатно ќе се прости од титулата. Во неделата вечер со 1-3 ги декласираше големиот ривал АЕК и тоа на нивен терен во Пиреја. На плејоф табелата за титула, Панатинаикос е прв со 72 бода колку што има и АЕК, Олимпијакос е трет со 63 бода, а Паок четврти со 60.

Заедништвото на Вардарци и Комити во Охрид

И покрај тоа што Воска Спорт одлучи да ги затвори вратите за мечот со Вардар, сепак Комити го исполнија ветувањето и извршија инвазија во Охрид.

Навивачите на Баерн удрија по Кан и Салихамиџиќ

И покрај убедливите резултати во групната фаза и елиминацијата на ПСЖ од кој не примија ниту гол, Баварците останаа и без Лига на шампиони. На удар е управата.

Навивачите на Бенфика во стилот на Чкембари

Пиротехниката е доста корисна алатка за правење шоу на стадион, ама зависи како ја користиш. Навивачите на Бенфика заслужуваат дебела казна за тоа што го правеа на Џузепе Меаца. Ги фрлаа бакљите во публика.

Навивач на Лацио му предвидува на Наполи дебакл и во Серија А

Италијанскиот фудбал е хит сезонава со претставници во нокаут фаза на сите европски натпреварувања. На крајот почнува да станува и забавно.

Големи нереди пред дерби дуел во Колумбија, 89 уапсени

Пред почетокот на дербито меѓу Атлетико Насионал од Меделин и Америка Кали кој требал да се игра синоќа на стадионот „Атанасио Хирадо“ во Меделин, имало неколку голем инциденти. Домашните навивачи незадоволни од цените на влезници, упаднале на терен и почнале да ја гаѓаат полицијата со заштитна ограда, монети, каменици и бакљи.

Веста за помошта на Комити во Вардар одекна во познат светски медиум

Најверните навивачи на Вардар кои дишат со играчите на секој меч, направија гест кој ретко се гледа во фудбалот. Го пренесоа Inside World Football.

Ел класико се знае, а сте слушнале за Ел трафико?

Ако публиката на спортските арени ширум САД долги години важеше за потсмев меѓу европските навивачки групи, сега очигледно веќе не е така. Навивачката сцена во САД сè поблизу наликува на онаа во Европа. Со кортеа, маршови, кореографии, гласно навивање, пиротехника.

Пиротехнички спектакл на Комити во чест на Велигден

Најголемата навивачка група на Вардар ја продолжува традицијата и точно на полноќ во населбата Драчево и оваа година го одбележи најголемиот христијански празник со пиротехничко шоу кое не се опишува со зборови.