Англискиот Вулверхемптон после неколку децении, годинава игра во Европа, поточно во групната фаза од Лига Европа.
Вечерва од 18:55, „волците“ му гостуваат на Слован во третото коло, а во претходните две колаат имаат по една победа (на гости со Бешикташ) и еден пораз (дома од Брага).
Слован направи огромен подвиг откако со 4:2 го совлада Бешикташ, па ремизираше 2:2 кај Брага.
Поради казната од 2 меча од УЕФА за кршење на правилникот од страна на нивните навивачи на мечот против ПАОК во август, Слован вечерва ќе го бодрат 15.000 деца, пракса која УЕФА ја воведе од скоро и која своето „деби“ го имаше на стадионот на Партизан и во Букурешт (репрезентација на Романија) и на првиот меч на Слован дома против Бешикташ.
Намерата на УЕФА е да се казнат изгредниците кои нема да имаат карти во слободна продажба, а место на стадион да има само за деца до 14 години.
Од друга страна, Европската фудбалска унија не направи исклучок, и овојпат не дозволи пристап и на навивачите на Вулверхемптон кој веќе купиле авионски карти за Словачка. Сопственикот на словачкиот клуб, Јан Козак одвоил само 200 влезници за пријателите на клубот Вулверхемптон, а во меѓувреме одлучил 21.000 карта да одат за децата до 14 години кои бесплатно ќе добијат влезници.
I've paid £55 for a ticket for a behind closed doors game, that then allows 21,000 home fans in FREE OF CHARGE. They can get fucked 👍
— Stanna (@MarkTomStanley) October 24, 2019
Who's being punished here, since when have the people of Britain rolled over and let bullies of Europe walk all over them (not inc Brexit)
„Како што разбравме, ќе има групи на деца од цела Словачка па дури и од Чешка. Ќе биде интересно искуство. Искрено стварно не знам што да очекувам“, вели Питер Абот, навивач на Волвс кој пропуштил само 2 меча за 44 години.
„Нас ни кажаа да не носиме клупски обележја, да не скокаме и пееме, што ќе бидеме принудени да го правиме. Срамота е што навивачите на Волвс не можат да купат карти нормално иако не направиле ништо погрешно“, додава Абот.
Во групата К, Слован е прв со 4 бода, Брага исто има 4 но послаба гол разлика, трет е Вулверхемптон со 3 бода, а Бешикташ последен без бодови.