Таг: слован братислава

Фудбалерите на Слован Братислава правеа софра на Градски

Слован Братислава, кој е 23 кратен првак на Словачка, синоќа беше изненаден од Шкендија со 2:0 во Конференциската лига. Словаците беа слабо организирани на терен, ама не и после мечот. Место да се замараат со резервации во кафана за цел тим, царевите си нарачале лапачка преку Корпа. Чиста работа. 20 пици и 26 кеси со тестенини и салати. На здравје нека им е вечерата, како и поразот од македонскиот првак.

Страшната контра на тетовци во три потези

Фудбалерите на Шкендија го изненадија Слован Братислава со триумф од 2:0 во Конференциската лига. Погледнете го вториот гол. Што би рекол Калински од молскавична акција. Со три пасови од гол до гол. Стрелец Себастјан Спахиу.

Знам дека сме гревови со 0 бодови, ама барем им ја искинав мрежата на Баерн

Слован Братислава ја завршува сезоната во ЛШ со најмногу примени голови, вкупно 27 и 7 дадени. Коефициентот дека ќе загубат од Баерн беше 1.01. Примија 3 комада, ама барем во последната минута Хрватот Марко Толиќ си го направи ќеифот со убав погодок.

Драма и пол во ЛШ, која заврши со гол од корнер во 123 минута

Средина на јули е, а веќе имаме големи фудбалски возбудувања. Синоќа се одиграа шест дуели од првото квалификациско коло за ЛШ од кои задолжително треба да се одбележи средбата во Грузија.

Налет обид за ножички ако го убиеш бекот

Во 78’ минута од дуелот Вулверхемптон - Слован Братислава, најдобриот играч на домашните, шпицот Раул Хименез со полна нога во лице го удри стоперот на Слован Кенан Бајриќ и го онесвести. Среќа сè добро се заврши и Кенан брзо се врати. На крајот, дури во 90+9’ минута од судиско продолжение, Хименез даде победнички гол за Вулвс.

Вие влезете, ама немој да скокате и пеете таму со знамиња

УЕФА го казни словачкиот клуб Слован Братислава со забрана за гледачи, па во меѓувреме дозволи на стадионот да има деца до 14 години ама и гостински навивачи кои добија посебни, уникатни услови.

Спарта Прага и Слован ќе евоцираат спомени на Чехословачка

Натпреварот меѓу чешкиот и словачкиот клуб од ЛЕ можеби нема да биде најинтересен во четврток, но ќе биде прилика екипите да се присетат на дуелите од заедничката држава.