Се работи за мечот меѓу Динамо Батуми и Слован Либерец од кој може слободно да се рипнат регуларните 90 минути кои завршија 0:0.
Головите паднаа во продолженијата и тоа три комада, а на средбата се судрија двајца вардарци од тимот кој обезбеди историски пласман во Лига Европа во 2017-та.
Џаба Џигаури, кој е член на грузијскиот првак и Тигран Барсегјан на шампионот на Словачка.
Динамо поведе со голот на Давиташвили во 104. минута, а во 115 минута резултатот го израмни токму Барсегјан.
И кога секунди ги делеа од битка на пенали, драмата кулминираше во 123 минута, кога Словакот Владимир Вајс успеа да постигне гол од корнер за пресврт, вреден пласман во 2. квалификациско коло за ЛШ.
Ама не како Шаќири, туку го фати голманот излезен напред.