Велшани исвиркаа минута молк за кралицата Елизабета II

Немаат сите народи во и околу Велика Британија исти чувства за починатата кралица Елизабета II. Во Република Ирска на меч на Шамрок Роверс домашните навивачи ја навредувале кралицата, а едноминутен молк бил прекршен на меч на велшкиот клуб Рексам кој игра во англиската петта лига.

Рексам е клуб во сопстеност на познатите глумци Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени кои во последните година дена имаат сериозно вложувања за да го однесат клубот во повисоки рангови.

Во моментов се во петта лига на второ место со шест победи, еден пораз и едно реми.

14 септември 2022 - 16:29