Убава пријателска дружба меѓу словенечки и српски навивачи

За разлика од скандалозниот однос на одредени групи албански и хрватски навивачи кои навредливо скандираа против Србија а потоа албанските и против Македонија, од синоќа на главниот централен плоштад Мариенплац во Минхен каде попладне се игра мечот Словенија - Србија, навивачите на двете селекции почнаа убава дружба со пиво и заеднички песни.

Во ведра и опуштена атмосфера, Србите и Словенците заедно пиееле пиво, пееле и се дружеле уште од синоќа па до попладнево пред мечот кој е од 15:00 часот. Имало и по некоја шега од типот „Крањска колбасица е подобра од ќебап“ како и „Лука Дончиќ еден е од нас“.

Сè на сè, без ниту еден најмал инцидент како што и треба да биде на голем фудбалски фестивал. 

 

Нови скандалозни скандирања на хрватските и албанските навивачи

 

 

20 јуни 2024 - 10:42