Првиот дуел од двомечот заврши 1:1, така што Хелсинборг имаше голема шанса пред своите гледачи да обезбеди опстанок во лигата.
Синот на Хенрик Ларсон, 19-годишниот Џордан кој важи за најдобар играч на екипата, во 82. минута го отвори резултатот и кога се изгледаше добро по домаќините, Халмштад во рок од две минути, од 87 до 89 минута направи комплетен пресврт и Хелсинборг испадна од лигата.
Легендарниот напаѓач на Барселона и Селтик е главен тренер на Хелсинборг но веројатно ќе добие отказ по срамното испаѓање на тимот од најдобрата шведска лига.
„Не видов кога го нападнаа Џордан, но ако видов сигурно ќе им се спротиставев. Немаше да бегам од нив, ако ми се свртеа на мене, немаше да бегам. Ако некој од тие хулигани дојде кај мене дома, треба да знае дека имам многу кучиња“, изјави Хенрик Ларсон видно изнервиран после мечот.
Последниот твит на официјалниот профил на клубот беше „Благодарност до фантастичните навивачи“.
Головите и хајлајтс од мечот: