Полска има сериозен проблем со односот меѓу навивачките групи и ЛГБТ заедницата

Во последните две недели, на трибините на полските стадиони се појавија мноштво банери испишани со пароли против педофили, хомосексуалци и лезбејки. Не дека е неочекувано, но мора да постои причина за таква масовна акција.

Сè започнало од Варшава - таму во средината на февруари, новиот градоначелник на главниот град, Рафал Тшаковски изразил стопостотна поддршка за ЛГБТ заедницата и потпишал декларација за соработка со заедницата на лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци.

Согласно таа декларација, властите во Варшава се спремаат да отворат хотел за сексуалните малцинства, а подготвуваат дури и програма за сексуално образование во училиштата, со цел да им раскажат за толеранција кон сексуалните малцинства.

Очекувано, жесток одговор стигна од бројните навивачи на Легија Варшава кој на домашниот натпревар против Меѓ Легница кренале банер со натпис: „ВАРШАВА БЕЗ ХОМОСЕКСУАЛЦИ“ и со црвен спреј прешкртана скратеницата ЛГБТ.

Навивачките групи сметаат дека ситуацијата станала алармантна, откако ЛГБТ активистите почнале со активна кампања за влијание врз децата во училишните установи.

Целата ситуација дополнително ја загреваат и општите европски парламентарни избори пред кои опозиционите политички партии активно користат и од двете „завојувани“ страни. Претежно пружаат активна поддршка на барањата на ЛГБТ заедница.

Полското општество има неколку примери каде јавни личности кои отворено се декларираат како хомосексуалци, вршат високи функции. Таков е примерот со градоначалникот на градот Слупск - Роберт Бедрон кој има успешна политичка кариера и кој во 2011 година станал првиот политичар кој отворено кажал дека е геј. Бедрон ужива солидна поддршка во Полска и го сметаат дури и за перспективен кандидат за претседател на оваа земја во иднина.

Банер од навивачите на Јагелонија на мечот против Корона во полската прва лига:

Прашањето за односот кон ЛГБТ заедницата е мошне чувствително, така што и оние кои се про и оние кои се против нивните права и слободи ги бранат своите ставови преку разни здруженија и организации.

69-годишниот лидер на полската десничарска партија „Право и правдина“ Јарослав Качински (брат близнак на поранешниот претседател на Полска Лех Качински, кој загина во авионска несреќа кај Смоленск во април 2010 година), се јавува како највлијателен политичар во земјата којшто отворено го критикувал градоначалникот на Варшава за декларацијата за права на ЛГБТ заедницата.

Качински смета дека тоа не е само прост призив за толеранција и мир во односите кон истополните парови, туку барање на оззаконување на истополни бракови, како и несметано агитирање за ЛГБТ заедницата во полските школи.

„Се соочуваме со огромна опасност, напад на традиционалното семејство преку нашите деца. Тшаковски (градоначалникот на Варшава) не предлага воведување сексуално воспитување кај малите деца, туку отворено им дозволува на ЛГБТ активистите слободно да пропагираат истополни односи. Тоа е просто неверојатно“, рекол Качински.

Еден од „најслободните“ градови во Полска за ЛГБТ заедницата е Гдањск чијшто неодамна убиениот градоначалник Павел Адамович за првпат во историјата на Полска организирал отворена геј парада.

Адамович во јануари беше убиен пред очите на илјадници жители на Гдањск, кога 27-годишен напаѓач го нападнал на бината за време на еден хуманитарен концерт, и со нож му нанел смртни повреди.

По овој настан, властите наредија агресивна и безмилосна борба против сите оние кои пропагираат насилство против која било група или заедница, но навивачките групи продолжија со својата замисла, па така токму во Гдањск неодамна, на мечот меѓу домашната Лехија и Висла Плоцк, се појави банер со натпис: „Содоми, хомосексуалци и педофили од ЛГБТ - рацете подалеку од нашите деца“.

****

Полска, која важи за една од најконзервативните и најрелигиозни земји во Европа, е една од реките држави членки на ЕУ во која истополните бракови не се легализирани.

Градоначалникот на Слупск, Роберт Бедрон, кој и самиот некогаш присуствувал на церемонии на истополни бракови, не може да го оззакони односот со својот партнер со кој заедно е веќе 15 години.

„Кога бев пратеник, на улица ме нападнаа четири или пет пати. Тогаш многу ме презираа и напаѓаа, а денес практично сите ме поздравуваат. И сакам да продолжам да одам напред и да добиеме легализација на истополните бракови во Полска“, рекол Бедрон.

Истополни бракови се легализирани во 16 ЕУ држави: Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Во 13 држави членки на ЕУ не се легализирани истополни бракови. Тоа се Андора, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Италија, Лихтенштајн, Сан Марино, Словенија, Полска, и Словачка.