Сега со огромно залагање на турската полиција и двата клуба, 40 автобуси со навивачи од Солун дошле во Истанбул. На крај Галатасарај победи 3-1 а натпреварот поминал мирно без поголеми инциденти.
Самата скратеница ПАОК значи "Pan-Thessalonian Athletic Club of Constantinopolitans односно Спортски клуб од Константинопол. Солунскиот клуб е основан на 20-ти април 1926-та од Грци бегалци од турско-грчката војна (1919-1922) и Грци доселеници од Истанбул.
Грбот на ПАОК е двоглав орел како симбол на византиското наследство од тогашен Константинопол.
Токму големата омраза меѓу навивачите од двата града придонесе пред натпреварот да се преземат апсолутно сите мерки за безбедност. Турските медиуми пишуваат дека такво ниво на безбедност не е забележано ниту на нивните дерби дуели кога играат најголемите клубови во Истанбул.
Покрај стандардни пецкања, скандирања и пеење историски песни со воена тематика, за среќа, немало инциденти.
Интересно, во гостинскиот сектор имало и по некој реквизит од Бешикташ, лутиот ривал на Галатасарај. Неофицијално навивачи на Бешикташ го поддржувале ПАОК:
PAOK taraftarı, Galatasaray tribününe doğru Beşiktaş atkısı açtı. pic.twitter.com/vivahFPPU6
— Kartal Record (@KartalRecord) September 25, 2024
Во еден момент пред мечот се случило 50-ина навивачи на ПАОК да залутаат на домашна трибина со навивачи на Галатасарај но со брза реакција на редарските служби сè било средено експресно.
Што се однесува до самиот натпревар, Галатасарај поведе прв во 48’ минута по автоголот на бекот на ПАОК Баба Рахман. Благодарение на голманот на грчкиот тим Хрватот Доминик Котарски, ПАОК се спаси од висока негатива.
Гостите од Солун израмниле на 1-1 во 67-ма преку Константелијас, но фаворитот од Истанбул со погодоците на Јусуф Акѓун во 75-та минута и Мауро Икарди во 90+5’ минута од судиско продолжение славеше 3-1.