Навивачите на Шкендија во Шведска со транспарент: „Косово е Албанија“

Тетовска Шкендија успеа да извлече одличен резултат 1:1 на гостување против големиот фаворит АИК од Шведска. Македонскиот тим поведе многу рано, уште во 26’ секунда со голот на Ферхан „Буба“ Хасани кој искористи една кардинална грешка на домашните фудбалери.

Веднаш по самиот старт на натпреварот АИК - Шкендија, десетина гостински навивачи извадија парола на која пишуваше Kosovo is Albania, банер кој беше приметен веднаш по водечкиот гол на Хасани кој тргна да слави со своите навивачи.

Во секторот со гостинска публика видни беа само државни обележја на Република Албанија.

УЕФА претходно покажа нулта толеранција на политички пароли, па се очекува да се види каква ќе биде реакцијата од Нион на овој испад на навивачите на македонски клуб.

Претходно, приврзаниците на Шкупи (некогашна Слога Југомагнат) на три пати имаа националистички испади, вееја знаме на терористичката ОВК, скандираа националистички пароли и навреди на сметки на други националности.

 

5 август 2022 - 10:09