За време на мечот од Купот против Транмере минатиот викенд, кој Манчестер го доби со 0-6, дел од навивачите на гостите скандирале: „Да умреш Ед Вудворд“.
Веќе неколку кола кога некогашниот најголем клуб во Европа игра на „Олд Трафорд“, навивачите од протест го напуштаат стадионот порано.
Вудворд е критикуван за очајните резултати на Манчестер дури и од некои поранешни клупски легенди, во прв ред Гери Невил кој фактички го повика да даде оставка: „Со сите сили се обидувам да разберам зошто сопствениците упорно им ги доверуваат екипите на менаџери. Ако во таква ситуација не губиш работа, нешто не оди како што треба“.
Конфронтацијата го достигна врвот во вторникот вечерта, кога околу 20-ина навивачи со бакљи го нападнале домот на Вудворд во Чешир. А видеото на социјалните мрежи беше објавено со натпис: „Ед Вудворд ќе умре“. Оваа акција им се препишува на навивачите од групата Men in Black.
Just seen a video surface of United fans allegedly firing Flares at Ed Woodward’s House, Thoughts? pic.twitter.com/sjXTRqOSPy
— Madman Mason (@MadmanMason3) January 28, 2020
Во моментот на протестот никој од семејството Вудворд не бил дома: ни Ед, ни жена му, ни двете деца. Навивачите упорно ѕвонеле на домофонот а потоа ја ишкртале и влезната порта. Од клубот веднаш реагирале со соопштение и го потврдиле нападот. „Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед вечерва дозна за инцидентот пред домот на еден од нашите вработени“, стои во соопштението.
Клубот бара од полицијата итно да го реши случајот и да ги најде виновниците за нападот. На оној кој ќе биде прогласен за виновен, Манчестер Јунајтед ќе му изрече забрана за посета на натпреварите.
Во разговор за The Sun, еден од напаѓачите анонимно рекол: „Решивме да го посетиме за да му кажеме се во лице. Не ни се даде шанса да зборуваме со него, но се надеваме дека ќе добие соопштение затоа што ние не си одиме од таму и нема да стоиме во празно додека нашиот клуб пропаѓа“.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Кевин Филипс во студиото на Sky Sports рекол дека навивачите ја премина границата: „Ова е само спорт, фудбалот е просто игра и не е должно да прерасне во лична животна борба“.