Навивачи на Унион Берлин направија голем прекин во Малме

Преку три илјади навивачи на најголемото изненадување сезонава во Бундеслига, лидерот Унион Берлин, допатуваа во Малме каде вечерва на меч со истоимениот домаќин направија голем прекин. Фрлаа со еден куп пиротехника кон домашната публика а во еден момент фрлија и топовски удар на терен после што судијата реши да ги повлече екипите во соблекувална.

И покрај тоа што од пред крајот на првиот дел играа со играч помалку по црвениот картон на Андраш Шафер, на крајот после долга пауза, Шералдо Бекер (втор најдобар стрелец во Бундеслига сезонава) постигна гол во 90+3' минута за триумф на Унион Берлин од 0-1.

 

6 октомври 2022 - 20:51